Одлична година за руската марка, со 360.204 продадени возила на рускиот пазар лани. Тоа е зголемување за 16%, повеќе од просекот на целиот пазар. Секако дека Lada е неприскосновен лидер на домашниот пазар.
Во декември лани, Lada продала 35.407 автомобили или за 8,7% повеќе отколку во истиот месец преклани. Тоа е најдобра месечна продажба во последните четири години и одлично заокружување на уште една успешна деловна година за рускиот производител.
Четири модели на Lada се меѓу десетте најпродавани на рускиот пазар. Предводник е моделското семејство Lada Vesta, со 108.364 примероци, од кои 43.282 биле комби изведбите Vesta SW и Vesta SW Cross. Продажбата на Vesta пораснала за 40 проценти. Второто место ѝ припаѓа на Lada Granta, со 106.325 примероци (+13% во 2017). Lada Largus, како што во Русија се води локално произведуваната Dacia Logan MCV, во патничка и доставна изведба се продала во 53.691 примероци. Четвртиот најпродаван модел е Lada Xray, со 34.807 примероци.
https://photos.app.goo.gl/M5FxrCquJLGSjMnR6
Повеќе од една третина од автомобилите биле набавени преку сопствената програма за финансирање на Lada. Покрај тоа биле склучени и близу 14.000 договори за лизинг со компаниите во земјата.
Во Русија има 288 продажни и сервисни локации за Lada; За секој работен ден по една локација
За годинава е предвидено обновување на дилерската мрежа, која со 288 продажни и сервисни локации е најразгранета во Русија. Лани биле отворени 16 нови салони, додека 150 центри биле комплетно реновирани, во согласност со новите норми за корпоративен имиџ.
Автомобилите на Lada лани се извезувале во 34 држави. Со 38,052 возила, извозот забележал зголемување од 59% во споредба со 2017 година. Продажбата напредувала најмногу во Казахстан, кадешто Lada e лидер, како и во Белорусија, каде на руската марка ѝ припаѓа второто место.
Сите се џипови, само Lada e Niva: Најава за новата генерација
Со оваа Lada Vesta Sport нема закачање
Зошто Lada 1200 е одличен избор за олдтајмер?
Теренска лимузина може да има само Lada
















