112
28 shares, 112 points

Русите имаат нов модел, спортска изведба на Lada Vesta. Моделот беше најавен уште пред две години, а што се однесува до спортското педигре, Lada го има и тоа

Lada ја проширува својата моделска понуда со Lada Vesta Sport. Изгледот на спортската изведба на знаменосецот на Lada беше најавен уште на салонот во Москва во 2016 година.

Тоа што му дава посебна вредност на овој автомобил е „веродостојноста“. Наспроти многуте модели коишто денес се нудат во спортска верзија, а немаат спојна точка со мотоспортот, Lada има впечатливи успеси и на меѓународната, и на домашната сцена, во WTCC и во RSCR. Дополнително е тука фактот што руската марка практично низ целата досегашна историја има директен контакт со мотоспортот.

lada vesta sport sedan 3

Lada Vesta Sport доби нов браник со динамичен стил и функционален спојлер долу, кој произведува потисок врз предната оска при високи брзини. Бумеранзите напред по малку потсеќаат на Mitsubishi, но и тоа се простува. Згоден детал се црвените хоризонтални линии.

Во класичниот манир, крилата се проширени, со бандажи од 17 инчи под нив. Подвозјето е спуштено за 16 милиметри, но растојанието од подлогата од 162 милиметри и натаму одговара за условите по руските патишта. Куќиштата на ретровизорите се лакирани во сјајна црна боја. Проширени прагови и црвена линија за акцент ја комплетираат глетката отстрана.

lada vesta sport sedan 2

Спортскиот стил кулминира во опашот, со два доминантни канали за воздух отстрана и со средишен дел стилизиран како дифузор. Паркинг сензорите се „задолжителен“ дел од пакетот, затоа што оваа целина би била прескапа за поправка при евентуално оштетување на паркинг. Чесен потег се хромираните издувни цевки. Спојлерот озгора речиси и не се забележува.

Моторот е 1,8-литарски со моќност од 122 КС и вртежен момент од 170 Nm, од класичен ков, способен за 186 km/h и 10,2 секунди за спринт до темпо сто. Најскапата моделска изведба моментно чини околу 810.000 рубљи или 11.500 евра.

Lada Vesta Sport ќе има прво појавување пред јавноста на салонот МИМС во Москва, кон крајот на август.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

112
28 shares, 112 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743