за

Производителите имаат уште три години да се спасат од милијарди за казни

производителите под притисок од казни за CO2

Од 2021 година, новите автомобили во ЕУ ќе смеат да испуштаат само 95 грами СО2 по километар. Една студија открива дека некои производители ќе го пропуштат рокот и можеби ќе плаќаат казни во висина од милијарди евра

Производителите на автомобили повеќе не можат да манипулираат со вредностите на штетните материи во издувот. По три години, ЕУ воведува нови и построги гранични вредности за емисијата на СО2 од новите автомобили. Моментно ниту една марка не ги исполнува барањата што ќе стапат во сила во 2021 година.

Само неколку производители, а првенствено Toyota со нејзините хибридни автомобили, ќе успеат да ги достигнат строгите лимити. Останатите автомобилски марки ќе мора да вложат големи напори. Во спротивно се закануваат казни, коишто ќе се пресметуваат за секој грам СО2 над лимитот, по секое продадено возило. Казните за производителите кои нема да ги исполнат строгите барања за емисијата на штетни материи, на тој начин ќе достигнуваат и по неколку милијарди евра.

До 2021 година се бара просечната емисија од сите новорегистрирани патнички автомобили во ЕУ да биде пониска од 95 грами СО2 по километар. Тоа одговара на потрошувачка од 4,1 литри бензин, односно 3,6 литри дизел на сто километри. За секој производител постојат различни гранични вредности, коишто се одредуваат според просечната тежина по возило.

Ова правило е воведено, за производителите коишто имаат само големи и тешки модели во својата понуда, да не се доведат во подредена ситуација во однос на производителите, кои нудат само неколку модели од пониските класи возила. Граничната вредност за Daimler, на пример, изнесува 103 грами, додека лимитот за Fiat Chrysler е многу пониско и изнесува само 91 грами. На крај, вредностите од сите одделни производители треба да дадат заеднички просек којшто ќе биде под 95 грами СО2.

Експертите располагаат со актуелните вредности на одделните производители на автомобили, коишто покажуваат колку сите тие се далеку од достигнувањето на целта за 2021 година.

razlika do limit za 2021

На графиконот јасно се забележува врската меѓу емисијата на СО2 и просечната тежина на автомобил за одделните производители. Toyota е најблиску до својата цел, Fiat, Hyundai, Ford и Volkswagen се најдалеку. Кај Mercedes и BMW ќе следи огромен пад во вредноста на СО2, затоа што премиум марките масовно пуштаат во продажба плагин-хибридни модели.

tabelaren pregled po proizvoditel

Спротивна е ситуацијата кај Fiat Chrysler, кадешто е под знак на прашање дали итало-американскиот гигант ќе ги исполни целите до поставениот рок. Во моментов ниту една од марките на FCA нема електричен или хибриден модел во својата понуда на европскиот пазар. За исполнување на целта, Fiat треба да скуси најмалку 29 грами од емисијата на СО2 на своите автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lada vesta sport sedan

Со оваа Lada Vesta Sport нема закачање

Mini Electric, Design

Mini ќе направи возењето на струја да стане градска шема