за

Mini ќе направи возењето на струја да стане градска шема

Mini Electric, Design

Mini објави неколку цртежи како најава за својот прв сериски модел на батерии, којшто стартува веќе в година. Од мини-марката може да се очекува макси-ефект во популаризацијата на електричниот погон. Луѓево се трендсетери на коишто им е ценет трудот

Погодено точно со почетокот на најважниот настан на автомобилската сцена годинава, надвор од големите авто-салони, а тоа е Фестивалот на брзината во Гудвуд, Mini објави неколку цртежи околу дизајнот на идниот електро-модел. Во исто време, во „дворот“ на Лорд Марч, кадешто се одржува Фестивалот, фината британска марка го прикажува концептниот Mini Electric премиерно пред домашната публика.

Mini веќе има еден обемен и успешен проект со електричниот погон, којшто стартуваше пред точно една деценија. Во меѓувреме, марката го има и првиот плагин-хибрид, Mini Cooper S E Countryman All4, кој по дефиниција се квалификува за електричен автомобил. За целата приказна околу „погонот на електрони“ да добие на тежина, мало потсеќање дека Mini е марка на BMW, еден од премиум-пионерите на е-движењето.

Главниот дизајнер Оливер Хајлмер, сето тоа го срочува многу поумешно: „Mini е урбана марка и комплетно електричниот Mini е логичен следен чекор кон иднината. Овие први цртежи за комплетно електричниот Mini ја прикажуваат нашата визија за автентичен дизајн, кој ги пиоврзува историјата на марката и нејзината електрична иднина.“

Првиот цртеж, конкретно, ја прикажува маската на идниот модел. Нејзината хексагонална форма е веќе познат белег, ново е тоа што маската е затворена. Жолтата боја укажува дека станува збор за електрично Mini.

Mini Electric Design 11

На вториот цртеж се прикажани бандажите со впечатлив дизајн, во стил на концептниот автомобил кој имаше премиера лани. Овој дизајн дефинитивно ќе се користи кај серискиот модел.

Mini Electric Design 1

Електричниот модел ќе стартува со продажба в година, по точно шест децении од првото Mini. Погонот ќе се испорачува во Оксфорд од фабриките на BMW во Динголфинг и Ландсхут, коишто се центар за електромобилноста во групацијата.

[FAG id=33609]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

производителите под притисок од казни за CO2

Производителите имаат уште три години да се спасат од милијарди за казни

Kia Sportage Ecodynamic

Kia Sportage освежена и со хибриден погон