Теренска лимузина може да има само Lada

Lada Vesta Cross

Русите ја најавија својата намера да изработат лимузина што е приспособена за теренско возење уште на салонот во Москва во 2016 година, кога го прикажаа концептот Lada Vesta Cross. Намерата е реализирана и под истото име наскоро ќе стартува продажбата на единствениот лимузински теренец во компакт класата. Постои уште автомобил со овој необичен спој, Volvo S60 Cross Country, но тој припаѓа во многу поскап сегмент.

Новиот кросовер е идентичен со комбито Vesta SW Cross, освен во формата на каросеријата. Браниците, црната заштита на крилата на праговите, бандажите од 17 инчи, сето тоа е дел од „пакетот“ Cross. Секако дека Русите не остануваат само на шминка. Подвозјето е зајакнато, растојанието од подлогата е зголемено на 203 милиметри.

Lada го следи примерот на Dacia со моделските изведби Stepway

Неколку стилски зафати следуваат и во кокпитот, исто така по пример на комбито SW Cross. Седиштата се обложени со вештачка кожа со Х-графика, а некои делови се нагласени со портокалова или сива боја.

Со додавањето на Vesta Cross, моделското семејство на Lada Vesta брои четири моделски изведби, покрај стандардната лимузината и комбито, и SW Cross. Според Lada, моделите се ценети првенствено поради дизајнот, комфорот, просторната кбина, високиот квалитет и понудата од бројни опции. Почетокот на продажбата, цените и опремата ќе бидат објавени подоцна.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Lada Vesta Cross 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

lada vesta cross kokpit

[/tie_slide]

[tie_slide]

lada_vesta_sw_cross

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Првиот човек на Dacia ја презема контролата над Lada

Нови автомобили од Lada повторно се возат во Куба

Зошто Lada 1200 е одличен избор за олдтајмер?

Која е оваа Lada што сите ги остава вчудовидени?

Претходна објаваУвозот на користени автомобили пораснал за 36 проценти
Следна објаваДвајцата имаат по 50 години и се подготвуваат за големата прослава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here