за

Светот ќе произведува 86 милиони автомобили во 2021 година

Пазарните аналитичари предвидуваат дека годишната продукција на автомобили во светот ќе се зголеми за 21 милион возила до 2021 година. Кина ќе доминира и во ова производство.

Производството на автомобили веќе напредуваше рапидно по историското дно во почетокот на светската економска криза во 2009 година и од тогашните 48 милиони возила, во минатата година веќе се искачи на 65 милиони возила. Според аналитичарите, светската продукција на автомобили ќе продолжи да напредува со уште посилно темпо.

Не е изненадување тоа што Кина ќе ги произведува половината од автомобилите во светот во 2021 година. Големата азиска земја ќе ја преземе доминацијата и во оваа бранша. Автомобилската индустрија во САД исто така ќе забележи голем раст во продукцијата, првенствено поради отворањето на голем број нови фабрики на европските производители на автомобили.

Побарувачката за нови автомобили на пазарите во Русија и во Турција е во опаѓање и тоа најмногу придонесува за европската продукција на автомобили да забележи раст од само 1 процент до крајот на оваа година. Во периодот од 2015 до 2017 година, продукцијата во Европа ќе се зголемува во просек за 4 проценти годишно. Ова зголемување се должи првенствено на растечкиот интерес за европски автомобили на пазарите во САД и Кина.

Проблем за Европа е тоа што побарувачката за автомобили од локална продукција ќе се намали за 20 проценти до 2021 година. Само половината од продукцијата ќе остане на европска почва.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најбрзиот воз што лебди на магнет ќе вози преку 3.000 km/h

Сан Франциско: Заработка од препуштање слободен паркинг