за

Tesla мамела за досегот на своите автомобили

Tesla наведувала лажни податоци за досегот на своите електрични автомобили, како во рекламите, така и во самите возила.

Досегот е клучен податок кај електричните автомобили. И покрај тоа, Tesla наведувала неточни податоци за досегот на своите возила.

Пионерот на електричните автомобили Tesla ги манипулирал податоците за досегот на своите возила. Преку зафат во софтверот се постигнало возилата при полна батерија да прикажуваат поголем досег отколку што автомобилите можат да минат вистински.

Веста ја објави новинската агенција Ројтерс. Дури откако наполнетоста на батеријата ќе се спушти под 50 проценти, се добиваат пореални податоци. Според инсајдерите, наредбата за тоа да се направи ја дал лично шефот Илон Маск, уште пред десет години.

Не е познато дали софтверот е активен и во актуелните модели на Tesla. Во рекламите исто така се наведувала претерана вредност за досегот на електричните автомобили. Тоа побудувало нереални очекувања кај клиентите, а потоа соодветно водело и кон разочарување.

Бидејќи соодветно на тоа и сопствениците на Tesla се жалеле често за премалиот досег, Tesla оформиле посебно одделение. Таканаречениот „Diversion Team“ имал задача да ги негира поплаките на клиентите. Работата на вработените се сведувала главно на спречување клиентите поради проблеми да дојдат во сервисните работилници, што наводно биле преоптоварени.

Ројтерс се повикува само на случаи во САД. Дали оваа практика се применувала и на останатите пазари, уште не е утврдено. Јужнокорејските органи во почетокот на годината ѝ изрекоа парична казна на Tesla, поради лажни податоци за досегот.

На оваа тема можеме да се надоврземе со искуствата со електричната Toyota, во рамките на проектот „3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија“. Токму сигурноста околу досегот што го прикажува патниот компјутер е импресивна, и досега не се случило при возењето да доживееме непријатно изненадување околу досегот. Тоа сепак е искуство што Toyota го има стекнато во близу 25 години сериско производство на автомобили со хибриден погон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Домашниот пазар во јуни: Renault Clio прв, Kia Sportage кон врвот, Corolla бестселер

Виетнамски VinFast постави темели на фабриката за автомобили во САД