Француски Телеком се снабди со 400 електрични Џип Авенџери

Близу четиристотини возила Џип Авенџер со целосно елеткричен погон се нарачани од Оринџ, некогашен Француски Телеком. Првите возила веќе се испорачани и се во служба на моќната телекомуникациска компанија.

Авенџер смени многу нешта за марката Џип. Тоа е првиот модел на култната марка од САД што вози единствено на струја, и воедно е прв модел на Џип што масовно ќе вози во служба на француската телекомуникациска компанија Оринџ.

Според фабрика, досегот изнесува до 400 километри, а техниката дозволува и користење брзи полначи со еднонасочна струја, на кои батеријата се полни и за помалку од половина час.

Покрај изведбата со целосно електирчен погон, Авенџер се произведува и во изведба со класичен погон – со 1,2-литарец и мануелен менувач – потоа со истиот тој мотор, но изведен како благ хибрид, и наскоро и во изведба со приклучен хибриден погон и втор електромотор назад, што го претвора во 4х4 автомобил.

Тоа што Авенџер го смени е отворањето на марката кон пазарот на службени возила, односно моделот им станува привлечен на менаџерите со големи возни паркови во компаниите. Досега не беше најпогодно престижните модели Вранглер или Гранд Чероки да возат во бои на компанија. Џип им се обраќаше речиси исклучиво на приватните купувачи.

Оринџ досега има нарачано близу 400 примероци од Џип Авенџер. Електричните компактни СУВ имаат светлосна сигнализација за сервисно возило, што е неопходна кога работниците на Оринџ се на терен.

Франција им одобрува бројни повластици на купувачите на електрични возила. Меѓу нив спаѓа ослободување од користење приватно возило во службени цели и секако слобода за пристап во градските јадра во коишто не смеат да пристапуваат возила со мотор со внатрешно согорување.

Видеото од тестот на Џип Авенџер со класичен бензинец

Претходна објаваКадилак ќе ја освојува Европа со целосно електричен Лирик
Следна објаваВоланот во Пежо во иднина ќе прерасне во Хајперсквер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here