Кампања за безбедност во Франција: „Вози како жена“

Статистиките што ги наведуваат плакатите откриваат сосем друга слика за тоа кој пол подобро вози автомобил. Под подобро, се мисли на побезбедно.

Тоа е неспорно, мажите се подобри возачи. Една кампања во Франција сепак порачува поинаку, затоа што укажува на една вистина: „Вози како жена“. Намерата на кампањата е да укаже дека жените возат побезбедно и има за цел да се смали бројот на незгоди и жртви во сообраќајот.

Француска организација што им помага на жртвите во сообраќајни незгоди отпочна кампања што има за цел да влијае врз начинот на возење на мажите. Во париското метро и на бројни места во градот се поставени плакати со слоганот „Вози автомобил како жена“. На нив е покажан маж зад волан, со крупно напишани букви на слоганот.

Кампањата има за цел да потсети на статистиките, што покажуваат дека мажите натпропорционално често учествуваат во тешките сообраќајни незгоди. На плакатите стои дека 84 проценти од незгодите со загинати се предивикани од мажи, дека 88 проценти од загинатите млади возачи се мажи и 93 проценти од лицата што предизвикале незгода под влијание на алкохол, исто така се мажи.

Со поситни букви е напишана главната порака на кампањата. Под „вози како жена“ се порачува да се вози побезбедно и да се смали бројот на незгоди и жртви во сообраќајот.

Организацијата Виктиме & Ситојенс укажува дека статистиките откриваат сосем различна слика од таа што се темели врз предрасудите, дека мажите подобро возат автомобил. Кампањата треба да вроди со бројки што ќе посведочат, дека доколку мажите возат како жени, бројот на незгоди и жртви ќе се смали.

Кампањата предизвика жолчна расправа на друштвените мрежи, којашто главно ги предизвикува мажите да дадат оцена. Обично се наведува дека споредбата е несоодветна, затоа што мажите минуваат многу повеќе километри од жените. Ореганизацијата сепак наведува и бројки, според коишто со автомобили што се регистрирани на мажи, годишно се минува во просек по 12.500 километри, додека со автомобилите регистрирани на жена, просекот е незначително помал и изнесува 11.200 километри.

Останатите статистички податоци што се однесуваат за возењето патнички автомобил:

  • 84% од одземените дозволи се на мажи
  • 78% од лицата што загинале во сообраќај и 75% од тешко повредените се мажи.
  • 22% од загинатите лица во сообраќај се жени, од кои 26% биле на совозачкото место.

За останатите превозни средства:

94 % од загинатите мотоциклисти, 87 % од велосипедистите и 61 % од пешаците што загинале во сообраќај се мажи.

На кого тоа му свират возачите по улици?

Претходна објаваЏорџ Расел возеше 100 години стар Мерцедес за јубилејот од победата на Тарга Флорио
Следна објаваРејнџ Ровер Спорт во сатенско издание во само 100 примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here