Теренот им е погоден на благородните СУВ од Рејнџ Ровер. Побарувачката е голема, пристигаат свежи пари во касата, Британците на тоа одговараат со специјални серии од своите модели.
Рејнџ Ровер Спорт Сатен Едишн доаѓа со фолија каква што обично користат само независните работилници во коишто се вршат најскапи преработки и доработки. Освен тоа што фолијата со изглед на сатен го нагласува прогресивниот дизајн на моделот, таа има и заштитна улога и спречува лакот да здобие дамки од нечистотија или да се изгребе.
Специјалната серија ќе се изработи во само сто примероци за целиот европски пазар. Купувачите можат да избираат меѓу четири бои: Варесин сина, џиола зелена и две нијанси на сива. Серијата е заснована врз изведбите на опременост Дајнемик.
Освен впечатливата фолија со изглед на сатен, серијата располага и со други обележја. Покривот е лакиран во контрастна црна боја, исто како и каросериските додатоци.
Бројни детали се изведени во нарвик-црна боја. Поклопецот на задниот прстен за влечење, амблемот на страничниот отвор за воздух, задниот браник, рамката на маската, натписот на моделот, маската и отворот за воздух во хаубата, сé е во сјаен црн финиш.
Изборот се состои од нивоа на опрема Дајнемик СЕ и Дајнемик ХСЕ, и три мотори: Д250 со 249 КС, Д 300 како благ хибрид со 300 КС и П460е со приклучен хибриден погон и системски 460 КС. Последниов може 111 километри да извози чисто на струја.

Хауф оф Брендс, како што по ново се нарекува Јагуар Ланд Ровер, со Дефендер, Дискавери, Рејнџ Ровер и Јагуар, како марки, ја разви тековната генерација на Рејнџ Ровер Спорт како „спортски луксуз“. Тоа е веќе трета генерација на моделот за 20 години и соединува „самоуверени и инстинктивни возни својства на пат“, заедно со „легендарниот комфор на Рејнџ Ровер и прогресивен дизајн со висок квалитет“, потсетуваат оттаму.
















