за

Џорџ Расел возеше 100 години стар Мерцедес за јубилејот од победата на Тарга Флорио

Сто години како да се основна временска единица за Мерцедес, како вчера да се славела важната победа на Тарга Флорио.

Тркачкиот Мерцедес со дволитарски мотор е првиот проект што е подготвен за трка, на тогашниот главен инженер Фердинанд Порше, подоцна основач на марката Порше

Џорџ Расел ја одбележа прославата на 100 години од победата на Мерцедес-Бенц на трката Тарга Флорио возејќи еден од автомобилите што учествувале на трката, реставриран во одделението за историски возила на марката со сребрената ѕвезда.

Џорџ Расел во средата направи историско демо-возење по улиците во стариот град на Бризигела. Пилотот на Мерцедес-АМГ Петронас Ф1 возеше еден од автомобилите на Мерцедес што учествувале на трката Тарга Флорио во 1924 година. Доделувањето на трофејот Лоценцо Бандини му беше меѓустаница на Британецот, на патот до Имола, на трката за Големата Награда за Емилија Ромања што се вози викендов.

Џорџ кажа: „Неверојатно беше да се седи зад воланот на 100 години стар Мерцедес. Тоа е автомобил од којшто се очекува да стои во музеј и луѓе да се одушевуваат, место да го возат. Ми беше голема чест, да ми биде доверено првото излегување во јавност со реставрираното возило. Возните својства беа исклучителни! Звукот е фантастичен, а управливоста во свијоци е мошне убедлива, покрај тенките гуми.”

Наградата првпат е доделена во 1992 година, во знак на сеќавање на познатиот италијански тркач Лоренцо Бандини, кој загина во 1967 година. Трофејот се доделува на личност од Ф1, за која што одлучува комитет. Мерцедес-Бенц на трката во 1924 година ја понесе главната награда, покрај тројната победа во класа.

Тарга Флорио беше трка на долги релации по јавни патишта по планините на Сицилија, што влече корени од почетокот на 20-от век. Трката првпат се возеше во 1906 година и се ценеше како најтешка трка во светот. Победата им значеше многу на производителите.

Џорџ Расел пристига со скапоцениот реставриран Мерцедес, од трката пред 100 години, на свеченоста за доделувањето на наградата Лоренцо Бандини

Прв проект на Фердинанд Порше, тогаш главен инженер во Мерцедес

По првиот успех во 1922 година, Мерцедес во 1924 година учествуваше на трката со тркачки автомобил со 2-литарски мотор. Тоа е првиот на тогашниот главен инженер Фердинанд Порше го доведе до зрелост да се настапи на трка.

На трката во должина од 432 километри победи Кристијан Вернер, со време од 6 часови, 32 минути и 37,4 секунди. Тоа беше втора победа за германската марка. Првпат победи возач што не е Италијанец. Возилото беше лакирано црвено, за Италијанците да не му го отежнуваат патот и да помислат дека е домашен возач.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Воланот во Пежо во иднина ќе прерасне во Хајперсквер

Кампања за безбедност во Франција: „Вози како жена“