VinFast, производител на автомобили од Виетнам и дел од Vingroup, ги постави темелите на својата идна фабрика за монтажа на автомобили во САД, во сојузната држава Северна Каролина. Таму од 2025 година ќе се произведуваат три кросовери со погон на струја, една година подоцна отколку што беше планирано.
VinFast во почетокот на годинава стартуваше со продажба на својот кросовер VF 8 во Калифорнија. Виетнамците планираат во првата фаза да вложат до 2 милијарди долари, во фабриката што се простира на површина од близу 730 хектари. Се гради во близина на главниот град на сојузната држава, Рали.
„Во првичната фаза, фабриката на VinFast ќе се посвети на производство на електричните модели VF 7, VF 8 и VF 9, со очекуван производствен капацитет од 150.000 возила годишно“, наведува производителот во соопштението за печат. „Натамошното проширување и другите новини во фабриката ќе се утврдат во следната фаза и истите ќе бидат објавени подоцна.“
Лани VinFast најави дека вкупната инвестиција во период од четири години ќе достигне 4 милијарди долари.
VinFast објавува дека проектот што се реализира во индустрискиот парк Triangle Innovation Point, добил пакет за поддршка во висина од 1,2 милијарда долари од властите на сојузната држава Северна Каролина, а дополнително има повластици и од локалните власти.
On July 28th, VinFast held the groundbreaking of North Carolina's first-ever EV manufacturing facility. Let's celebrate this major milestone and look forward to a cleaner, greener automotive future. #Groundbreaking #EVFactory #NorthCalorina #July28 #EVRevolution #GreenMobility pic.twitter.com/8YKSBkVqTk
— VinFast US (@VinFastUS) July 29, 2023
„Искусната и разновидна работна сила во Северна Каролина е нашата моќ и ние располагаме со најголема фабричка работна сила на југоистокот,“ изјави гувернерот Рој Купер. „Фабриката на VinFast ќе создаде илјадници добро платени работни места во нашата држава.“
Северна Каролина се избори за проектот на VinFast, откако долги години не успеваше да привлече други производители на автомобили.
VinFast е нов производител на автомобили и своите први модели со мотор со внатрешно согорување ги лансираше на домашниот пазар во 2019 година.
Виетнамците почнаа со локална продажба на својот прв елеткричен модел кон завршетокот на 2021 година и од лани целосно се префрлија на електрични возила.
Претседателката на VinFast, Ле Ти Ту Туј, во претходна пригода наведе дека на компанијата ѝ било потребно подолго време од очекуваното за да ги задвижи нештата, поради тоа што компанијата не била запознаена со законите во САД, како што е запознаена во Виетнам. VinFast е дел од конгломератот Vingroup, којшто е водечки градежен инвеститор во земјата.
Say goodbye to ordinary, and hello to extraordinary. Our vehicles are built to protect you and your passengers with the highest safety standards and most advanced features, so you can focus on the destination.#BoundlessTogether #RideTheRevolution #SafetyFirst pic.twitter.com/6pFnBLdjLD
— VinFast US (@VinFastUS) July 31, 2023
Засега бавно се движи продажбата во САД. Во првите пет месеци од годината сe продадени само 128 примероци од VF 8. Виетнамците избраа моделот да го продаваат прво во Калифорнија, затоа што тоа е најголемиот пазар за електрични возила во САД. Моделот наскоро ќе се понуди и во останатите сојузни држави. VF 8 исто така се продава во Канада.
Од VinFast тврдат дека досега имаат испорачано повеќе од 350 возила во првото полугодие и дека доцни статистиката. Оттаму наведуваат и дека VinFast почнал со испорака на првите возила дури во март, како и дека во мај порале да издадат сервисен повик, за да се надмине проблемо со дисплеите во првите возила испорачани од Виетнам.
VinFast вкупно има донесено во САД близу 2.000 примероци од моделот VF 8, а наскоро ќе започне и продажбата на поголемиот модел со три реда седишта VF 9. Потоа ќе следат и резсервации за помалите модели VF 6 и VF 7.
Производителот од Виетнам се соочува со потешкотии на пазарот за електрични возила во САД, главно поради големите попусти што ги направи Tesla во средината на јануари. Тоа посебно се однесува на кросоверот Model Y, којшто е директен конкурент на VF 8. Потоа и Ford настапи со попусти за својот Mustang Mach-E, исто така соперник на виетнамскиот кросовер.
VinFast планираше лани да започне со испорака во Европа, но не ги заврши хомологациите навреме за своите модели VF 9 и VF 8. Построгите норми за безбедност што важат од годинава го одложија стартот на продажбата во Германија, Франција и Холандија.
Лани на салонот во Париз, покрај големите модели VF 9 и VF 8 беа изложени малиот кросовер VF 6 и компактниот кросовер VF 7.
















