Активисти во петокот се обидоа да влезат во кругот на фабриката на Тесла во Гринхајде и да предизвикаат престанок на производството.
Според претставници од полицијата, демонстрантите засега не успеаја да влезат во фабриката на Тесла во Гринхајде, во германската сојузна покраина Берлин-Бранденбург.
Демонстрантите сепак успеаја да ги поминат првите заштитни огради. Полицијата оценува дека ситуацијата е „динамична“. Една жена е повредена при активностите на протестантите во кругот на фабриката. Тројца полицајци се повредени. Полицијата соопшти дека повеќе лица се приведени досега.
Во напорите на полициајта да го заштити поширокото подрачје околу единствената фабрика на Тесла во Европа, затворени се повеќе излези од автопатот што водат кон фабриката .
Дел од протестите е седечката блокада на демонстрантите на еден од споредните патишта до фабриката.
Немири има и во Нојхарденберг
Друга блокада поврзана со протестите е поставена на аеродромот Нојхарденберг. Полицијата известува дека демонстрантите носеле маски и користеле пиротехника. Во моментов таму се наоѓа втората седечка блокада.
Противниците на Тесла уште од средата повикуваа на делување против производителот на автомобили во Гринхајде, во близина на Берлин. Причина за немирите е планираното проширување на фабриката на Тесла.
German far-left vandals break through police lines and run for Tesla’s Gigafactory, hoping to disrupt production.
These people clearly hate both fossil fuel cars and electric cars. They are modern-day luddites pic.twitter.com/5aVD6MeNZ3
— Visegrád 24 (@visegrad24) May 10, 2024
Во близина на фабриката, уште од февруари протестираат активисти за климата, во камп што се состои од дрвени бараки. Таму се протестира против уништувањето на шумата, доколу се случи проширување на фабриката. Полицијата побара да се отстранат куќарките. Во моментов уште теќе правен спор околу тоа.
















