за

Електричниот „Пасат“ е првиот автомобил со оцена одлично од АДАК

Германскиот автоклуб АДАК првпат додели оцена одлично за автомобил на тест – таа важи за Фолксваген ИД.7, што во основа е електро-наследничка на Пасат.

Првпат автомобил го мина тестирањето кај АДАК со оценка 1,5 и со тоа заслужи оцена одлично. Тоа му успеа на Фолксваген ИД.7, електрична лимузина од средна класа, што со тоа е позиционирана во истиот сегмент како класичниот Пасат.

Врвот на ранг листата на АДАК досега завршуваше со три модели, со оценка 1,6, што значи оцена многу добро: Мерцедес Е Ку Ес 450+ Електрик Арт (тестиран во феврари 2022), БМВ и Икс икс Драјв50 (тестиран во април 2022) и Шкода Ениак 85 икс Лорин и Клемент, што го мина тестирањето пред само два месеци.

Со цена за основниот модел од 56.995 евра – на германскиот пазар – Фолксваген ИД.7 Про е значително под нивото на моделите од Мерцедес и БМВ што со години го запоседнуваа врвот, но затоа и чинат преку 100.000 евра. Шкода Ениак има оценка 1,6 и со цената од 61.000 евра е на слично рамниште со Фолксвагенот.

„За нас е радосна веста што безбедноста, ефикасноста и комфорот не се прашање што се поврзува со цената“, оценува Дино Силвестро, шеф за тест на возила во АДАК. Тој додава дека „авто-тестот со обемната методика на тестирање, со современи лаборатории, се вбројува меу најобемните тестови на АДАК за заштита на потрошувачите, и независно од класата и цената на возилата, нуди неограничена можност за споредување на исходот од тестирањето.“

ИД.7 доби оценки со единица пред запирката во категориите мотор/погон (1,0), безбедност (1,1), животна средина/еко-тест (1,2) и комфор (1,5). Инженерите искажаа посебно задоволство од високата штедливост на ИД.7. Со потрошувачка од 18,1 кВч/100 ом, лимузината се вбројува меѓу најштедливите модели во средната класа и освои пет ѕвезди на еко-тестот, што подолго од 20 години е составен дел од тестот на АДАК.

Електирчниот „пасат“ се покаќа и во останатите категории, со оценка 2,1 за возните својства, оценка 2,3 за каросеријата/багажникот и 2,4 за внатрешноста. Единствено со оценката 3,4 за трошоците за возилото, што не влегува при одредувањето на конечната оценка, Фолксваген ИД.7 Про мина со оцена добро. Клубот вели дека лимузината сепак располага со одлични технички одлики и со тоа заслужи добра оцена за противвредноста.

Видеото од возењето на електричниот ИД.4 до Гевгелија и назад, без полнење батерија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Демонстранти се втурнаа во фабриката на Тесла во Берлин

Толту Моторс најавува пристигнување на новите модели Way и Ora!