за

Microsoft со два нови модела на Lumia

Lumia 532: Со Smart-Dual-SIM може да се организираат повици од обете SIM-картички

Со моделите Lumia 435 и Lumia 532, Microsoft ги најавува неговите досега најевтини паметни телефони со Windows Phone, од кои што едниот може да работи и со две SIM-картички.

Серијата Microsofts Lumia ќе добие два нови модела во текот на првиот квартал од годинава. Со Lumia 435 и Lumia 532, производителот се посветува првенствено на сегментот на основни паметни телефони. Со цената од 89 евра, Lumia 435 е најевтин модел во серијата досега, а малку подобро опремениот Lumia 532 чини само 10 евра повеќе. На обата работи
Windows Phone 8.1 со Lumia Denim.

Во Lumia 435 работи двојадрен процесор Qualcomm Snapdragon 200 со 1,2 GHz, како и 1 GB RAM. Како интерна меморија стојат на располагање 8 GB. Дисплејот од 4 инчи (10 сантиметри) има резолуција од 800 × 400 пиксели. Во опремата спаѓаат и камера од 2 MP, WLAN 802.11 b/g/n, Bluetooth 4.0, A-GPS, GLONASS, батерија со капацитет од 1560 mAh и слот за картички microSD, со коишто меморијата може да се прошири до 128 GB.

Lumia 532 е сличен, но во некои детали е опремен подобро. Во 532 има четиријадрена верзија на Snapdragon 200 со 1,2 GHz и главната камера слика со 5 мегапиксели. Покрај тоа, Lumia 532 има место за две SIM-картички. Со обата модела се добива бесплатен клауд простор од 30 гигабајти на OneDrive.

Новите модели на Lumia ќе стартуваат со продажба во првиот квартал во портокалова, сина, бела и црна боја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Детроит 2015: Porsche со премиера на 911 Targa 4 GTS и Cayenne Turbo S

Ssangyong Tivoli ќе има премиера на салонот во Женева