Комплицирано име: Гешефтсвагенот на Daimler од 1899 година

Во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт секогаш има нешто ново да се види и да се дознае од долгата историја на марката. Овојпат се работи за возило што е именувано Daimler Motor-Geschäftswagen, што во превод значи деловно возило.

Првиот детал што се забележува кај „деловното возило“ на Daimler Motor од 1899 година секако дека е тркалезниот дел напред, со бројни отвори. Каналите зад плочата со изглед на сито се воздушните канали од ладилник со цевчиња, што се пронајдок на пионерот на мобилноста Вилхелм Мајбах. Генијалниот конструктор го измисли овој ладилник за да го подобри ладењето на моторот, а со тоа и значително да се зголеми моќноста на автомобилите што ги произведуваше Daimler.

https://photos.app.goo.gl/sGvA9vjtufd9iYAd6

Овој ладичник со цевчиња првпат беше вграден во возилото Phönix пред 125 години, а патентот беше заштитен на 24-ти декември 1897 година. Во декември истата година почна и продажбата на „деловното моторно возило“ на Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG).

https://photos.app.goo.gl/xdEdjEc6Epon7mRX6

Напредок

DMG продолжи да го развива своите транспортери. Експонатот во музејот потекнува од 1899 година, односно е произведен две години по стартот на серијата возила. Возилото има носивост од 500 килограми. Двоцилиндарскиот мотор со зафатнина од 1.527 сантиметри кубни постигнува 4,1 kW (5,6 КС). Крајната брзина изнесува 16 km/h. Во следната година, „деловните возила“ на DMG се нудат со носивост од 800 до 3.200 килограми, со двоцилиндарци со моќност од 2,9 kW (4 КС) до 5,9 kW (8 КС), односно со 4,4 kW (6 КС) до 8,8 kW (12 КС) со четирицилиндарски мотор.

Пренос на сила преку синџир, гуми на тркалата

Моќноста на моторот се пренесува преку два запченици и два синџири до задните тркала. Задните дрвени тркала се значително поголеми од предните и обложени се со гума. Тоа е голема иновација кај товарните возила од 19-от век. Повеќето товарни возила во тоа време имаат дрвени тркала што се порабени со челик. Доплатата за гумите чини од 350 до 400  марки.

Зависно од носивоста се менува и должината, од 3,4 до 4,6 метри. Ширината варира меѓу 1,7 и 1,8 метар, а тежината од 1.000 до 2.500 килограми. Една година порано, компанијата Benz & Cie. од Манхајм претстави сличен транспортер и со тој „Lieferungs-Wagen“ (доставно возило) го основаше сегментот.

Денес гамата од модели на доставни возила на Mercedes-Benz се најголемиот Sprinter, средниот Vito и компактниот Citan, сите меѓу најпродаваните модели во своите сегменти.

https://photos.app.goo.gl/wMG5xQ47wd9K5HUt9

https://photos.app.goo.gl/r8f5CAjvM56X1q4T9

https://photos.app.goo.gl/6L76qbCAGEfhQa2m6

https://photos.app.goo.gl/qgYcorZ2sRDuo5a59

https://photos.app.goo.gl/xJFP8i1Jfqq6pa5e6

https://photos.app.goo.gl/AWXD7vmaZDtg4j3W6

https://photos.app.goo.gl/psSmeZyQ9o8A1KaD9

https://photos.app.goo.gl/zeQ9YMDJZ99tb3Kz5

Камионите се подобри олдтајмери

Претходна објаваСекој петти автомобил по норвешките улици е електричен
Следна објаваШпанците во ноември купувале најмногу Fiat 500

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here