Норвешка мина уште еден историски праг во проифаќањето на електричните возила. Еден од секои пет автомобили што сообраќаат по патиштата низ земјата, не испушта ниту грам штетни материи.
Според норвешкото Здружение за електрични возила, доколку продолжи досегашната динамика, за помалку од две години, електричните возила ќе учествуваат со 30 проценти во вкупниот возен парк во земјата.
За помалку од три години, учеството на електричните возила во вкупниот број регистрирани патнички автомобили во Норвешка се зголеми од 10 проценти на 20 проценти
Високата прифатеност на електричните возила во Норвешка е резултат од систем од иницијативи за потпомагање на купувањето возила. Меѓу повластиците спаѓаат и намалени даноци при купување нов автомобил. Мерките имаат за цел, секое ново возило што ќе се продаде во Норвешка по 2025 година да биде електрично возило.
Во 2020 година, богатата нордиска нација стана прва земја во светот во којашто се продадоа повеќе електрични возила отколку возила што користат фосилни горива.
Во главниот град Осло, уделот на електричните возила изнесува 33,2 проценти, додека на северот на земјата, нивниот удел во возниот парк е 4,7 проценти.
Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)