Со вкупно 1.877 примероци, Fiat 500 е најпродаван автомобил на шпанскиот пазар во ноември. Главнината од продажбата ја сочинува моделот со благ хибриден погон.
Ноември му донесе повеќе титули на Fiat 500 на шпанскиот пазар. Покрај тоа што „чинквеченто“ е прв во продажбата од сите модели што се нудат на големиот пазар, тој е прв и во конкуренција на автомобили со класичен хибриден погон, односно без приклучок за полнење. Изведбата Fiat 500 Hybrid учествува со 1.739 примероци во вкупната продажба на моделот.
Во споредба со минатата година, продажбата на малечкиот Fiat 500 со големо име, во ноември 2022 година постигна за 102,7 проценти повисока продажба. Не постои модел што во претпоследниот месец од годината се продал во повеќе примероци на шпанскиот пазар.
Најголемиот дел од продажбата му припаѓа на моделот Fiat 500 Hybrid, којшто користи стартер-генератор и мала батерија, за енергијата при сопирање и забавување да ја акумулира во батеријата, и таа подоцна да се искористи кусо при поаѓање или при забрзување. Вкупно 1.739 примероци од моделот се благи хибриди.
View this post on Instagram
На ниво на цело моделско семејстсво, Fiat во ноември е 75,6% над резултатот од истиот месец лани, со вкупно 2.649 продадени возила
Вкупно годинава, продажбата на Fiat достигна 23.295 возила. Далеку најпопуларен модел е Fiat 500 со продадени 14.647 примероци до ноември. Заедно со чисто електричната изведба Fiat 500e, хибридниот модел се продал во 14.161 примерок. Тоа се 96,7% удел во продажбата на моделот, односно без електромотор во погонот се продале само 486 примероци.