за

Со падобран на тркачка патека и право во Peugeot 9X8

Возачот на Peugeot, Густаво Менезес, скокна со падобран од хеликоптер, се приземји на тркачката патека во Бахреин и продолжи со хиперавтомобилот Peugeot 9X8.

Во Бахреин, каде што се одржуваше завршницата на светското првенство на трките во издржливост, Peugeot сними видео со Густаво Менезес, возач на францускиот тим во првенството.

Место преку долги приказни да го објаснува значењето на новиот слоган „Allure Born to Race“, Peugeot го направи тоа преку дело. Густаво Менезес, возач на PEUGEOT TotalEnergies во првенството во трки во издржливост, скокна со падобран од хеликоптер, се приземји на тркачката патека и седна зад воланот на хиперавтомобилот PEUGEOT 9X8.

Менезес посебно се израдува за овој проект, затоа што Американецот обожува да се трка колку што обожува и да скока со падобран. „Кога го правиш тоа што го сакаш, ништо не може да те спречи“, порачува тој.

За исклучителните снимки беше задолжен Јоке Сомер, легенда во воздушниот простор. „Јоке ми е добар пријател и вистински професионалец, кој е способен за луди скокови, за коишто јас никогаш не би се осмелил и го почитувам многу тоа што го прави“, коментира Менезес.

Густаво, кога почнавте да скокате со падобран?

Се сеќавам кога пред неколку години гледав видеа за падобрански скокови, што ме наведоа и самиот да го пробам тоа. Не ми требаше многу да се убедувам, да бидам искрен. Од мојот прв скок во 2019 година, имав среќа да учам од некои од најдобрите учителки и учители. Патував по цел свет и скокав со падобран од неверојатни места. Ми се допаѓа чувството при скок со падобран: Тоа е слично со чувството што го добивам кога возам квалификации со PEUGEOT 9X8.”

Тркачките и тркачите секако дека мораат да тренираат, но како човек се подготвува за скок со падобран?

Како и при секоја друга спортска активност, се посетуваат предавања, коишто подготвуваат чекор по чекор. Се учи за ветрот, за отворањето на падобранот, како да се постави телото и како се лета. Пред првиот скок се вежба во воздушен канал, сам, но преку радио врска во кацигата се слушаат совети од учителот. Тој дава насоки за аспекти, како што се висина, агол што мора да се фати, и за отворање на падобранот.“

Колку трае скокот, и што е побрзо – слободниот пад или забрзувањето во PEUGEOT 9X8?

Забрзувањето вна PEUGEOT 9X8 и брзината на слободниот пад всушнсот се мошне слични, и се постигнува речиси истата највисока брзина.траењето зависи од висината на летање, којашто решава колку време минува меѓу скокот од леталото и отворањето на падобранот. Тоа може да трае меѓу 30 секинди и една минута. Самиот скок бара највисока концентрација, но откако ќе се отвори падобранот, одеднаш сé е многу посмирено.

Фил Јорк, глобален директор за маркетинг и комуникација во PEUGEOT: „Кога првпат слушнав за овој скок, мислев дека е по малку луда идеја, еден од нашите возачи да скока о хеликоптер и да се приземји на тркачка патека, но излезе фантастично! Филмот покажува дека ‘Allure‘ за PEUGEOT е многу повеќе отколку само збор – тој е впишан во генетскиот запис на марката. Ние сакаме да ги достигнеме границите и да ги пречекориме, но во исто време сакаме и да се забавуваме и тоа го постигнавме со овој единствен филм за мотоспортот. Нашиот хиперавтомобил PEUGEOT 9X8 целосно ја отсликува нашата филозофија Allure Born to Race.”

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шпанците во ноември купувале најмногу Fiat 500

Mercedes-EQ започна со продажба на електричниот пандан на GLE