Mercedes-EQ, огранокот за чисто електрични возила на Штутгарт, што по значајноста е рамноправен со AMG или Maybach, пред преоѓањето во новата година го пушта во продажба Mercedes EQE SUV, електричен СУВ од виша класа. Продажбата стартува храбро со спортската изведба AMG EQE 43 4Matic. Тоа што овој луксузен крстосувач користи електромотор за погон, не го прави помалку спортски автомобил.
Mercedes-Benz Group ги објави цените за EQE SUV од својата електрична марка EQ и за неговата AMG-варијанта. Моделот е универзална изведба од лимузината од виша класа EQE, којашто пак е во рангот со легендарната E-Class. Сите напредни технолгии што ги поседуваат EQS и EQS SUV – вториов секогаш со напомена дека станува збор за дизајн на нашиот Македонец во дизајнерското одделение во Зинделфинген, Славче Таневски – се вградуваат и во EQE SUV. Производителот дообјаснува дека моделот е подинамичен во споредба со EQS SUV. Прво е достапна спортската изведба AMG EQE 43 4MATIC, напролет ќе се отворат и нарачките за останатите моделски изведби.
Линиите Electric Art Exterieur и Electric Art Interieur се стандардна изведба кај моделите на Mercedes EQ, исто како што Avantgarde е стандард кај новиот GLC. Од останатата опрема се вклучени впуштени рачки на вратите, два дисплеи OLED од 12,3 и 12,8 инчи, паркинг сензори и камера. Постои и можност за предавање дигитален клуч – за сопственикот да му дозволи пристап на друг во возилото, без потреба да се поседува физичкиот клуч.
Вградената топлинска пумпа обезбедува врвна климатизација и штедливо греење без премногу да се одзема од енергијата во батеријата. Суштината е во тоа што топлината ослободена од погонот (од инвертерот и од електромоторот), како и од батеријата, се користи за греење на кабината.
Останатите линии на опрема (повеќе не се водат како нивоа на опрема, туку линии) се именувани Advanced, Advanced Plus, Premium и Premium Plus – кои се разликите меѓу одделните линии може да се погледне во објавата што ја направивме за GLC.
Преглед на цените за Mercedes EQE SUV во Германија
EQE 350+ | EQE 350 4MATIC | EQE 500 4MATIC | AMG EQE 43 4MATIC | ||
Моќност | kW | 215 | 215 | 300 | 350 |
Врт. момент | Nm | 565 | 765 | 858 | 858 |
Потрошувачка | kWh/ 100 km |
21,6-17,5 | 22,4-18,6 | 22,5-18,8 | 25,6-22,8 |
CO₂ | g/km | 0 | 0 | 0 | 0 |
Досег | km | 486-596 | 452-551 | 465-552 | 423-476 |
Цени од | Euro | 86.810,50 | 89.547,50 | 99.841,00 | 124.920,25 |
Спортската изведба EQE 43 4MATIC од Mercedes AMG стандардно располага и со премиум пакетот. Тука спаѓаат 3D просторно озвучување, сончев покрив и AMG Track Pace. Покрај тоа, задната оска е управувана и може да се сврти за најмногу 9 степени, што е корисно и при паркирање, исто како и при брзо возење во свијоци. Дигиталните светла се посебни по тоа што проектираат знаци и напомени врз асфалтот, за возачот да ги гледа директно пред возилото.
Ценовникот на Mercedes-Benz GLC на 86 страници: Од проѕирна хауба до вклучување на печката дома