за

Audi R8 е скап да се купи, но што ако може да се изнајми?

Освен за суперспортскиот R8, Audi планира да го воведе принципот на „заедничко користење“ автомобил и за останатите ексклузивни модели

Престижната марка на Volkswagen планира да се вклучи во концептот на „Carsharing“ или заедничко користење автомобил, којшто моментно наидува на огромен интерес на европскиот пазар.

Audi планира да го воведе концептот на Carsharing за своите најскапи модели на домашниот пазар. Според шефот на марката, Руперт Штадлер, тројца корисници ќе можат преку онлајн заедница да го користат заеднички суперспортскиот автомобил R8 во период од една година. Во плановите се предвидува концептот на заедничко користење да се понуди и за другите ексклузивни модели на Audi. Купето R8 се нуди во купе и родстер изведба и покрај лимузината од високата класа А8 и луксузниот теренец Q7 е најскап модел на Audi, којшто во најевтината варијанта чини преку 110.000 евра.

Целта на Audi е со овој концепт да се привлече нов круг на купувачи во марката. Конкурентите BMW и Mercedes веќе подолго време се присутни во сегментот на „Carsharing“, но првенствено ги нудат актуелните модели од пониските класи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda го претстави новиот VFR 800 X Crossrunner

Honda ќе го претстави новиот HR-V на салонот во Париз