Строгите брзински ограничувања се вистинско измачување на широките и прави автопатишта во САД. Шерифите не простуваат ниту неколку милји побрзо. Но, тоа полека се менува.
Порано во сите сојузни држави во САД важеше исто брзинско ограничување на автопатиштата. Во времето на нафтената криза во 1970-те години беше дозволено да се вози најбрзо со 55 милји на час, што одговара на 88 километри на час. Во последните години сепак почнаа да се појавуваат отстапувања во некои држави. Најбрзо смее да се вози во Тексас, со 85 mph (136 km/h), додека во другите, сојузни држави важат ограничувања меѓу 65 mph (104 km/h) и 75 mph (120 km/h). На Хаваи, пак, важи ограничување на само 60 mph (97 km/h), но на повеќето автопатишта и натаму се дозволени само 55 mph (88 km/h), исто како во останатите сојузни држави до средината на 1990-те години.
Феномен во Јута – повисока брзина, помалку незгоди

До пред 15 години, шерифите во Јута сами решаваа дали некој вози пребрзо
Во иста насока размислуваат и сојузната држава Монтана, исто како и соседните Ајдахо и Вајоминг. Монтана е посебно специфична држава во поглед на сообраќајните правила. До 1999 година таму не постоеше точно одредено ограничување. Законот имаше пропишано секој возач да вози „примерно и внимателно“. Само локалните шерифи знаеја што значи тоа точно. Највисокиот суд во Монтана пред 15 години реши да стави крај на овие „несериозни“ закони и оттогаш важи ограничување од 75 mph на автопатиштата во државата.
Граѓаните сами да решаваат дали ќе штедат на време или на пари

















