за

Хибридниот Peugeot 208 троши 1,9 литар на сто километри

Тестирањата во реални услови на студијата 208 Hybrid FE покажаа подобри резултати од очекувањата: 1,9 место 2,1 литри гориво. Техниката во голем дел доаѓа од болидот 908.

Французите ја развија студијата 208 Hybrid FE под мотото „Мисија 49-8“ – бројките во ознаката се однесуваат на емисијата на СО2 и на секундите колку што на хибридниот Peugeot му се потребни да забрза од место до сто километри на час. Возилото со кое што Peugeot прикажува иновативен пристап во хибридната техника е конструирано во спортското одделение на француската куќа во Велизи, во близина на Париз и во голем дел се потпира на техниката и искуствата со тркачкиот прототип за Леман, Peugeot 908, вклучувајќи го меѓу другото и обложувањето на одредени делови од моторот со карбон.

Главното тежиште сепак беше поставено на намалувањето на тежината, која што во споредба со стандардниот 208 е пониска за двеста килограми. Покрај тоа се користат и гуми со намален отпор на тркалање, оптимирана аеродинамика, како и напреден систем за повраток на енергијата при сопирање. Партнерот во развојот, Total, испорача специјални средства за подмачкување (моторно масло 0W12) и гориво, додека карбонските делови од каросеријата, како и делови во внатрешноста и подвозјето потекнуваат од сестринските компании Hutchinson и CCP Composites. Како погонска единица се користи модифициран трицилиндарски мотор од новата генерација, чија работна зафатнина е зголемена од 1,0 на 1,2 литар и работи во комбинација со електричниот погон од 908 HYbrid4, вклучувајќи ги скапите батерии.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

SsangYong во плус и со поголеми производствени капацитети

Hyundai отвори тест центар во Нирбургринг