Победникот на тенискиот турнир во Минхен доби BMW M850i

Победникот на тенискиот турнир во Минхен доби BMW M850i

Николоз Басилашвили е победник на отвореното тениско првенство на BMW. Финалето во Минхен му ја донесе петтата АТП-победа на Грузиецот. Покрај сумата за победникот, 29-годишникот според традицијата на минхенскиот турнир доби кожени пантолони, но доби и ексклузивен примерок од BMW M850i xDrive Gran Coupé, во вредност од 182.920 евра.

Врвниот архитект Волф Д. При, кој меѓу другото е автор и на Светот на баварската марка, на BMW Welt во Минхен, беше задолжен за уште повеќе да го облагороди автомобилот наменет за победникот на отвореното првенство во тенис на BMW. На средишните кровни столбови се воочуваат првичните скици од BMW Welt. Тие се повторуваат и во средишната конзола, создавајќи посебно чувство во кабината.

Грузискиот тенисер не се двоумеше да го проба својот нов автомобил на црвениот песок, откако Лена Герке, амбасадорка на BMW, ја довезе ексклузивната купе-лимузина M850i на теренот. Од автомобилот со потпис на Волф Д. при постојат само три примероци.

https://www.instagram.com/p/COYI2OThKlR/

Претходна објаваАмериканците не се снаоѓаат најдобро на кружен тек
Следна објаваРекордот од 1957 година до вечноста: Од Бреша до Рим со 157,65 km/h

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here