Тимот Стирлинг Мос / Денис Џенкинсон во 1955 година победи со тркачкиот автомобил со стартен број 722 на легендарната Миле Миља, со рекорд што ќе остане за вечноста.
Мос и Џенкинсон пред повеќе од шест децениии ја извозеа рутата на Mille Miglia од Бреша во северна Италија до Рим и назад за 10 часови, 7 минути и 48 секунди. Просечната брзина од 157,65 километри на час остана ненадмината до последното издание на класичната улична трка што се возеше во 1957 година.
Mercedes-Benz Classic годинава ќе го испрати оригиналниот 722 во Англија. Од 8-ми до 11-ти јули, овој историски автомобил прво ќе биде изложен на познатиот Фестивал на брзината во Гудвуд. Потоа, на тркачкото издание на Гудвид, тркачкиот двосед од 17-ти до 19-ти септември ќе извози и неколку брзи кругови.
Моторот на 300 SLR потекнува од усовршен осумцилиндарски мотор за трките за големата награда, со зафатнина од три литри и со моќност од 310 КС. Крајната брзина надминува 300 километри на час.
















