за

Volkswagen, Bosch и Shell развија бензин со смалена штетна емисија

Компаниите Volkswagen, Bosch и Shell развија бензин со којшто се постигнува намалување на емисијата на СО2 за 20 проценти.

Расте понудата од горива со намалена емисија на СО2 што потекнуваат од обновливи извори. По горивото R33 Blue Diesel, компаниите Bosch, Shell и Volkswagen развија и бензин со намалена емисија на СО2.

Бензинот што се води под марката Blue Gasoline, исто како R33 Blue Diesel, содржи 33% гориво од обновливи извори и со тоа се постигнува 20-процентно намалување на емисијата на СО2, сметано од „извор до тркало“ (well-to-wheel). Техно-концернот Bosch наведува пример, дека возен парк составен од 1.000 возила Volkswagen Golf VIII 1,5 TSI, што годишно возат по 10.000 километри, со новото гориво би ја поштедил атмосферата од 230 тони СО2 на годишно ниво. Shell презема и мерки со коишто на разни други начини придонесува за намалувањето на емисијата на СО2. Планот е горивото уште во текот на годинава да се најде во редовна понуда на станиците за гориво во Германија. Цената ќе биде на ниво на премиум горивото Shell V-Power.

Првиот човек во развојот на мотори со внатрешно согорување во Volkswagen, Себастијан Вилман, објаснува дека „поради високата стабилност при складирање, Blue Gasoline посебно одговара да се користи во возила со приклучен хибриден погон“. Проширувањето на мрежата од станици за полнење ќе овозможи овие возила во сé поголем обем да се возат на струја. Во тој случај е важно горивото што се наоѓа во резервоарот да поседува стабилност во подолг временски период.

Разни активности на други полиња што исто така се постигнува намалување на емисијата на СО2, дополнително влегуваат во билансот на горивата на Shell со една третина етанол од обновливи ибори

Горивото Blue Gasoline одговара на нормата EN 228/E10 и според Bosch е многу над нормата во поглед на постојаноста и испарливоста. Со квалитетните адитиви се овозможува и висока чистота на моторот и заштита од корозија. Сите возила што можат да користат бензин Супер 95 Е10, ќе можат да го користат и новото гориво. Во составот на горивото влегува 33% етанол од обновливи извори, со докажано потекло според системот ISCC (International Sustainability and Carbon Certification).

Bosch уште во текот на мај ќе започне да го точи Blue Gasoline на своите фабрички станици за гориво, во замена за Супер 95 Е10.

>>> Калифорниско гратче забрани изградба на нови станици за гориво

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекордот од 1957 година до вечноста: Од Бреша до Рим со 157,65 km/h

Dacia меѓу „Најдобрите марки“ во изборот на читателите на Auto Bild

Dacia меѓу „Најдобрите марки“ во изборот на читателите на Auto Bild