за

Американците не се снаоѓаат најдобро на кружен тек

Комични сцени на крстосница во Кентаки. Американските возачи наидуваат на големи потешкотии да минат наједноставен кружен тек.

Кружните текови сé помасовно се прифаќаат како одличен начин за сообраќајот да се смири и да се постигне брза проточност. САД исто се приклучуваат на овој тренд. Но, американските возачи имаат друга логика како да го користат кружниот тек.

Не е посебен предизвик да се мине кружен тек. Пред кружниот тек се запира и се чека кусо додека се ослободи простор, а при напуштање се внимава дали наидува пешак или велосипедист и добро е ако не се заборави и да се пушти трепкач. Кружниот тек станува „градски стандард“ во Скопје, Кавадарци, Велес, во Штип, Берово, одвај да постои некој македонски град без овој лесен и безбеден начин да се мине вкрстување на патиштата. Меѓутоа, кружниот тек им предизвикува големи проблеми на возачите во САД. За тоа сведочи една снимка од гратче во американската сојузна држава Кентаки. Кружниот тек уште е новина за тамошните возачи.

Снимката од дрон е проследена со вистинската музичка заднина за бурлеска. Кружниот тек е пуштен неколку денови пред да се направи снимката. Само неколку возачи минуваат правилно. Автомобили се престројуваат во спротивнат алента и се вклучуваат лево во кружниот тек, за потоа да излезат во лентата по којашто продолжуваат во спротивен правец. Неколку возачи се двоумат запирајќи во кружниот тек и не знаат точно во која лента да продолжат, предизвикувајќи застој, додека цела колона возила е во спротивен правец. Чудо е како возилата не се судираат.

Крстосницата се наоѓа во округот Роуан во американската сојузна држава Кентаки и според локалните власти треба да придонесе за подобрување на безбедноста. Претходно се правеле обиди за возачите да се предупредуваат преку трепкачки светла, но тие мерки не постигнале успех.

Кружниот тек е проектиран и изведен совршено, дури е земено во предвид дека во земјоделски активниот регион крстосуваат големи камиони и земјоделски машини, а на снимката се забележува и дека еден пикап што влече јахта минува сосем лесно, иако вози во погрешен правец. Локалните власти објавија на друштвените мрежи видео во коешто сите возила минуваат правилно, со цел на возачите да им се покаже како всушност функционира кружниот тек.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GR010 Hybrid: Тоа е новиот главен тркач на Toyota

GR010 Hybrid: Тоа е новиот главен тркач на Toyota

Победникот на тенискиот турнир во Минхен доби BMW M850i

Победникот на тенискиот турнир во Минхен доби BMW M850i