Студијата Hazumi ја најавува новата Mazda2

Јапонската марка направи одлична работа со новите генерации на Mazda6 и Mazda3. Сега се најавува дека истата трансформација ќе и следува и на малечката Mazda2.

Уште еден стратешки важен модел го добива лицето на новата ориентација на Mazda. Студијата со име Hazumi, што на јапонски значи „скокај“, ќе доживее премиера на претстојниот салон во Женева, како најава за новата генерација на Mazda2. Името е избрано да соодветствува на бурната енергија со која што располага студијата. Засега Mazda открива само детал од идната „двојка“, од кого што може да се заклучи дека и најмалечкиот модел ќе ја следи верно дизајнерската философија на поголемите Mazda3 и Mazda6.

Покрај премиерата на Hazumi, во Женева ќе биде претставена и новата генерација на дизелски мотори од фамилијата Skyactiv, со зафатина од 1,5 литар, развиена според принципот на „даунзајсинг“ и наменета за вградување во поголемите модели на куќата, како основна поддршка на 2,2-литарските дизели. Секако, подеднакво значаен настан претставува и одбележувањето на 25-годишнината на најпродаваниот родстер на сите времиња, на култниот MX-5.

Претходна објаваGolf GTE ќе биде GTI меѓу хибридните возила
Следна објаваСАД го открија дизелот: 8.000 нарачки на Rodge Ram за еден викенд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here