Продажбата на возила за кампување со 65% пораст во Германија

Продажбата на возила за кампување со 65% пораст во Германија
Продажбата на возила за кампување со 65% пораст во Германија

Производителите на возила за кампување имаат полни раце работа во време на пандемијата. Во јуни во Германија се продале за 65% повеќе кампер-возила отколку лани.

Корона им направи добар бизнис на производителите на приколки и возила за кампување. Во јуни во Германија се продале 65% повеќе кампери и приколки во споредба со истиот месец лани. Еден од најуспешните производители во ова подрачје, групацијата Erwin Hymer, очекуваат бизнисот да продолжи да расте во ова време на пандемија. „Актуелната криза ќе продолжи да го јакне трендот за ‘бавно патување‘, за минување на одморот во движење“, ценат во компанијата.

Бидејќи годишноодморците располагаат со тоалет, туш и свежа вода во самото возило, тие не мораат да се грижат околу ограничувањата поради корона. Покрај тоа, полесно е да се одржува растојание од останатите. Луѓето имаат и целосна слобода при изборот на одредиштето за одмор. Многумина првпат се решаваат да кампуваат, главно поради корона-ограничувањата. Расте и интересот за изнајмување на овие возила.

Освен во Германија, побарувачката расте и во уште неколку држави. Во Франција, јунската продажба пораснала за 58 проценти, во Италија за 50 проценти, додека вистински рекордери се Белгија и Холандија, со раст од 84 проценти.

Проектант на НАСА создава приколки за кампување

 

Taxa приколки кампување

Претходна објаваAudi го разви првиот „супермаркет“ за автоиндустријата
Следна објаваФабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here