за

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот
Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

За фабриката на Tesla во близина на Берлин многу се дискутира и шпекулира. Шефот Илон Маск прикажа како ќе изгледа фабриката, притоа откривајќи ги неколкуте содржини за рекреација и забава.

Фабриката на Tesla во Гринхајде во близина на Берлин ќе почне да работи во следната година и моментно нема што да се види од градбата. Илон Маск на својот профил на твитер објави скица што го прикажува нејзиниот изглед. Шефот на производителот на електрични автомобили од Калифорнија ја коментираше скицата само со зборовите „Гига Берлин“.

На неа се гледа светла и ниска градба со соларни панели на покривот. Архитектурата не се одликува со посебни обележја, со исклучок на бојадисаните столбови. Повеќе нагласок е ставен на влезното подрачје, коешто се наоѓа покрај аголот. Над вратата е испушано името Tesla со светлечки букви.

Над влезот се наоѓа зазеленета тераса со павилјон и голем базен. Еден корисник на мрежата прашува во коментар: „Пливачки базен на покривот?“. Маск одговара, „точно така“. Контроверзниот техно-милијардер понатаму открива дека во самата фабрика или надвор на покривот ќе се наоѓа „простор за рејв“. Неизвесно е дали овој простор навистина ќе постои во фабриката, иако истото има смисла, затоа што Берлин важи како метропола на електронската музика.

Од 2021 во Берлин ќе се произведуваат до 500.000 возила на Tesla

Во фабриката на Tesla во германската сојузна покраина Бранденбург, од јули 2021 година ќе се произведуваат до 500.000 возила Tesla. Во гигафабриката ќе работат над 10.000 лица.

Изградбата досега се одвива без издаден елаборат за животна средина. Доколку надлежните органи во земјата оценат дека работата на фабриката наштетува на околината, Tesla ќе остане без фабрика на оваа локација.

>>> Tesla ќе отвора втора фабрика во САД

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продажбата на возила за кампување со 65% пораст во Германија

Продажбата на возила за кампување со 65% пораст во Германија

Осигурители објавија Топ 10 на најиздржливи и најрасипливи модели

Осигурители објавија Топ 10 на најиздржливи и најрасипливи модели