Tesla ќе отвора втора фабрика во САД

tesla model 3 proizvodstvo

Tesla планира изградба на втора фабрика во САД, постојат големи изгледи дека нејзината локација ќе биде во Тексас – во сојузната држава што е синоним за нафта. Уште една држава е во игра.

Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla се подготвува за брза изградба на втора фабрика во САД. Веќе постојат конкретни планови за фабриката да се гради во Тревис Каунти, во Тексас, којашто би требало да започне веќе летово. Тоа го потврдуваат документите што ги објави службата за ревизија во оваа сојузна држава.

Првата фабрика за автомобили на Tesla се наоѓа во Фремонт, Калифорнија. Во меѓувреме почна да работи и фабрика во Шангај, а уште во текот на годинава се очекува да започне со производство и новата фабрика во близина на Берлин, во Германија.

Инвестицијата во Тревис Каунти би изнесувала околу една милијарда долари, а во фабриката ќе се отворат околу 5.000 работни места. Како што е вообичаено за проектите од ваков ранг, Tesla бара Тексас да ѝ обезбеди даночни олеснувања и други привилегии. Уште не е одлучено околу изборот на Тексас.

Според американските медиуми, во игра е уште градот Тулса, во сојузната американска држава Оклахома. Двете држави јавно го искажаа своето залагање да ја добијат фабриката на Tesla на своја територија. Логото на Tesla неодамна беше додадено на една позната статуа во Тулса, додека тексашките застапници преку твитер ја објавија подготвеноста за фабриката на Илон Маск.

Покрај автомобилските фабрики, концернот поседува и фабрика за батерии во Невада и уште една фабрика во Њујорк, кадешто главно се произведуваат соларни системи. Поради големиот интерес за новиот Model Y и за останатите проекти, вклучувајќи го пикапот Cybertruck, Tesla има итна потреба од проширување на производствените капацитети.

Фабриката на Tesla во Берлин ќе проработи веќе годинава

 

Претходна објаваToyota го забрзува развојот на камиони со погон на водород за Кина
Следна објаваАвтобуси возат на водород добиен од отпад

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here