Toyota го забрзува развојот на камиони со погон на водород за Кина

Toyota го забрзува развојот камиони со погон на водород за Кина
Toyota го забрзува развојот камиони со погон на водород за Кина

Заедничко вложување на шест компании има за цел да го забрза ширењето на погонот на водород во сегментот на товарните возила во Кина. Компанијата со седиште во Пекинг се води како United Fuel Cell System R&D (FCRD).

Покрај корпорацијата Toyota, во новата заедничка компанија учествуваат уште фирмите China FAW, Dongfeng Motor Corporation, Guangzhou Automobile Group, Beijing Automotive Group и Beijing SinoHytec. Јапонскиот пионер во чистите погонски решенија учествува со 65 проценти. Во развојот на водородниот погон за камиони во почетокот ќе работат 50 инженери, а нивниот број потоа ќе се зголеми двојно.

Пазарот за возила со погон со горивни ќелии, особено за товарни возила, расте со огромна брзина во Кина. Целта на заедничката компанија е да се забрза развојот на погонски системи со горивни ќелии до фазата на влегување во сериско производство. Нагласокот се става на развој на издржливи, конкурентни и достапни компоненти и системи.

Генератор со погон на водород на Toyota напојува фабрика во Јапонија

Претходна објаваKia најавува нова генерација на семејниот ван Carnival
Следна објаваTesla ќе отвора втора фабрика во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here