за

Осигурители објавија Топ 10 на најиздржливи и најрасипливи модели

Осигурители објавија Топ 10 на најиздржливи и најрасипливи модели
Осигурители објавија Топ 10 на најиздржливи и најрасипливи модели

Осигурителна компанија од Велика Британија објави списоци на 10-те најиздржливи и најрасипливи автомобили. Lexus RX е вообичаена појава на врвот на списокот, додека на спротивниот крај е Bentley Continental GT. Има резултати и за Dacia, Fiat, Land Rover.

Кога се бара веродостојна процена за квалитетот и издржливоста на автомобилите, тогаш осигурителните компании се прва адреса. Нивната работа сепак се базира врз правилна процена, каков е автомобилот што го осигуруваат. Компанија од Велика Британија што е специјализирана за продолжена гаранција на автомобилите, објави Топ 10 список на модели што имаат најмалку дефекти и на модели што се чиста спротивност на тоа.

Рангирањето се заснова врз податоците од 131.000 продолжени гаранции, вклучувајќи го индексот на издржливост, кој ги зема предвид бројот на поправки и трошоците за нив.

Сите модели што се вклучени во ова рангирање се постари од три години, а користени се податоци за поправки извршени во периодот меѓу 1-ви јануари 2018 и 30-ти април 2020 година.

Honda е на врвот во поглед на издржливоста, со индекс 89,38 од максимални 100. Осигурителната компанија Warrantywise моментно води 1.500 возила Honda со продолжена гаранција и дополнително го потврдува реномето на марката со просечната цена за поправка од £538.59.

Lexus е на второто место на овој список, благодарение на RX, за кого што не е пријавен ниту еден единствен дефект. Затоа и не е изненадување тоа што големиот СУВ на премиум марката на Toyota е на првото место во категоријата на најиздржливи модели. Lexus CT на осмата позиција потврдува дека високото место на марката не е случајност.

Toyota и Suzuki се на третото и четвртото место, додека големото изненадување е Dacia на петтото место. Понатаму следат Hyundai (6), Smart (7), Kia (8), Fiat (9) и Renault (10).

Спротивниот крај им припаѓа на луксузните марки и на суперспортските автомобили. Високите цени на поправките се сосем очекувани покрај цените на самите возила, но тоа што вистински им го расипува билансот на овие автомобили е бројот на дефектите што се појавуваат.

Bentley Continental GT ја „ужива“ титулата на најрасиплив автомобил, со најчести дефекти во напојувањето со гориво, електриката и моторот. Најскапата поправка што е пријавена во команијата за овој модел чинела над 10.000 фунти, за отстранување проблем со електриката. Просечната цена на поправките на 144 примероци од овој модел што имаат продожена гаранција во Warrantywise изнесува £2,298.97.

ТОП 10 Најиздржливи марки

Поз.
Марка
Просечно милји
Поправка, просек
Вкупно / 100

1

Honda

56,752

£538.59

89.38

2

Lexus

65,674

£937.57

88.96

3

Toyota

54,196

£596.44

87.02

4

Suzuki

41,291

£580.86

81.83

5

Dacia

40,968

£511.42

81.12

6

Hyundai

56,871

£516.60

75.28

7

Smart

31,241

£385.16

74.73

8

Kia

61,839

£526.23

73.65

9

Fiat

45,199

£529.91

72.01

10

Renault

59,679

£574.46

67.82

ТОП 10 Најрасипливи марки

Поз.
Марка
Просечно милји
Поправка, просек
Вкупно / 100

1

Ferrari

19,068

£4,913.46

13.84

2

McLaren

18,195

£4,165.56

15.12

3

Rolls-Royce

37,569

£2,771.53

26.00

4

Bentley

26,375

£2,260.07

26.64

5

Lamborghini

11,966

£2,709.40

30.84

6

Subaru

63,899

£1,862.88

31.83

7

Chrysler

61,697

£1,780.74

35.96

8

Maserati

28,541

£1,635.21

44.99

9

Land Rover

55,463

£1,268.96

45.27

10

Tesla

50,917

£1,289.94

45.56

ТОП 10 Најиздржливи користени модели

Поз.
Марка
Модел

1

Lexus

RX

2

Honda

Jazz

3

Mitsubishi

ASX

4

Dacia

Sandero

5

Mazda

2

6

Volkswagen

UP!

7

Nissan

LEAF

8

Lexus

CT

9

Ford

Ecosport

10

Suzuki

Alto

ТОП 10 најрасипливи користени модели

Поз.
Марка
Модел

1

Bentley

Continental GT

2

Audi

A7

3

BMW

X6

4

Porsche

Cayenne

5

Chevrolet

Captiva

6

Land Rover

Range Rover Sport

7

Jaguar

XJ

8

Audi

Q7

9

Mazda

CX5

10

Land Rover

Range Rover

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 6 и 7 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

Mercedes-AMG GT Black Series

Mercedes за колекционери што обожуваат трки