Транспортни системи без возач се користат веќе подолго време во фабриките на Audi. Една од нивните задачи е да помагаат во т.н. супермаркети, односно површини од кои работниците преземаат делови што се наредени по точен редослед. Audi воведе промени во оваа организација.
Во „супермаркетот 2.0“ на Audi, деловите за вградување пристигаат до работниците, а не обратно. Тоа е заслуга на иновативен контролен софтвер што е развиен во соработка со стартап-компанијата Аrculus. Предноста во новиот систем е во тоа што работниците повеќе не мораат да минуваат долг пат.
Транспортните колички без возач по точен редослед пренесуваат кутии со потребните делови до местото за нивно преземање. Вработен во логистиката таму ги групира деловите што се потребни на монтажната лента. На овој начин, површината на магацините може да се смали до 25 проценти.
Овие „автопилотирани колички“ веќе се дел од сериското производство. Во фабриката во Инголштат моментно се применуваат осум колички, до крајот на годината нивниот број ќе се зголеми на 32 колички.
https://photos.app.goo.gl/vA2jTPvAkPJKrjhM7
Системот претходно почна да се применува во фабриката на Audi во кинескиот Фошан, во изработката на Audi A3, Audi Q2 L и Audi Q2 L e-tron за локалниот пазар. Врз основа на овие искуства, системот беше применет и во матичната фабрика во баварскиот Инголштат.
Идејата всушност потекнува уште до 2015 година, кога Audi во помал обем го примени принципот на достава на компоненти до работникот. Во тогашниот „супермаркет на иднината“, системот се користеше за групирање на прирачниците за ракување што се испорачуваат со возилата. Актуелните колички можат да пренесуваат до еден тон и се движат со 1,5 метар во секунда. Audi е прв во концернот што го применува новиот систем. Се планира тој да се воведе и во останатите фабрики на концернот.
https://photos.app.goo.gl/tozTVCxa863e9Ams5
>>> Audi e-tron добива помал брат: Q4 ќе биде и Sportback
















