Уделот на Toyota на европскиот пазар во првото полугодие се зголемил на 6,1 проценти. Возачките и возачите во услови на корона-кризата се решаваат за сигурни и традиционални вредности, место за стилски или техно-експерименти.
Toyota во првото полугодие продала 424.862 автомобили од матичната марка и од луксузната марка Lexus на европскиот пазар. Во време кога вкупниот пазар во Европа е скусен за 36 проценти поради корона-кризата, нејзиното негативно влијание е далеку помало врз продажбата на Toyota, којашто се смалила за 26,5 проценти. Соодветно на тоа се зголеми и пазарното учество на јапонската марка на 6,1 проценти (+0,8%). Овој позитивен тренд се должи првенствено на растечкиот интерес за хибридните модели. Секој втор продаден автомобил на Toyota во Европа користи хибриден погон (51%), додека само во Западна Европа, овој удел изнесува дури 63 проценти.
Од јануари до јуни годинава, Toyota постигнала 395.267 продажби. Секој втор модел вози со хибриден погон. Во одредени моделски серии, како на пример кај Toyota C-HR и кај семејството модели Corolla, уделот достигнува дури 90 проценти.
Lexus ја надминува и оваа вредност. Од вкупно 29.595 продадени автомобили во првото полугодие, 63 проценти користат комбинација од мотор и електромотор во погонот – во Западна Европа, уделот на хибридите достигнува 99 проценти. Благородната марка најмногу напредува благодарение на продажбата на СУВ-модели, на кои моментно отпаѓаат околу 75% од продажниот волумен.
Во овие вонредни услови, Toyota и Lexus се држат добро. Веќе бележиме благо враќање на пазарот, иако нашиот главен приоритет во овие времиња се здравјето и безбедноста на нашите вработени, како и ликвидноста на нашите трговски партнери.
Мет Херисон, заменик извршен директор на Toyota во Европа
Јапонскиот концерн за годинава предвидува да продаде вкупно 950.000 возила од своите две марки во Европа. Toyota има одлични позиции за раст во втората половина од годината, со растечкиот интерес на возачките и возачите за штедливи и чисти возила, но и со пристигањето на новата генерација на Yaris. Во четвртата генерација на моделот, којашто преоѓа на новата архитектура TNGA, Yaris доаѓа со подинамичен дизајн во стилот на Corolla, со повеќе комфор и повисоко безбедносно ниво, и секако, со комплетно нов хибриден погон.

















