Корејскиот производител на автомобилски гуми Kumho отвори центар во германскиот град Хамбург, кој ќе ги снабдува блиските пазари побрзо и подобро. Се очекува дека новиот магацин ќе придонесе и за поголемо присуство на Kumho на целиот европски пазар.
Производителот на автомобилски пнематици Kumho, во соработка со Fiege, водечкиот дистрибутер во овој сегмент во Европа, отвори нов регионален магацин во Германија.
Центарот се наоѓа во близина на пристаништето во Хамбург и ќе овозможи повеќето германски дилери на автомобилски гуми да се снабдуваат со гуми во рок од само 24 часа. Големиот магацин воедно ќе ги снабдува и блиските пазари во Холандија, Белгија, Луксембург и Австрија.
Fiege Logistics е задолжен за сите делувања што се поврзани со магацинот, вклучувајќи ги сите процедури со гумите, од пристигањето на контејнерите со гуми, до испорака и следење на пратката.
Во Kumho ценат дека новиот центар, покрај тоа што ќе придонесе за натамошно унапредување на бизнисот со големите клиенти, ќе им биде од корист и на помалите дилери.
Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V
















