за

Не е кабриолет и не е купе, туку е Porsche 911 Targa

Porsche 911 Targa 992
Porsche 911 Targa 992

Porsche ја нуди тарга-изведбата и во гамата на актуелниот 911. Станува збор за каросериски концепт што не е ниту кабриолет, туку е купе, но е посебен и стилски, така што опстојува во понудата подолго од половина век. Иако кругот на купувачи е мал, тие ѝ остануваат верни на оваа изведба.

Porsche 911 Targa со години наназад е меѓу моделските изведби од овој класичар што се продаваат најмалку. Моделот со заштитен лак зад седиштата беше создаден кога Porsche сакаше да се приклучи на мошне профитабилниот пазар на кабриолети во САД, но не располагаше со модел што можеше да ги исполни строгите норми за краш-тест на Американците.

Во генерациите 993, 996 и 997, Targa беше само изведба на „елфер“ со голем сончев покрив. Потоа, во претходната генерација 991, следеше вистински спектакл, кога целото задно стакло се подигнуваше со помош на електромотори, за делот над седиштата да се вовлече под задното стакло и целата процедура да заврши.

Каросеријата на Targa е иста со кабриолетот, но место платнен покрив, има заштитен лак и голема стаклена купола назад

Новава генерација на Porsche 911 Targa во основата ја користи истата каросерија како кабриолетот, со таа разлика што нема платнен покрив што се сокрива во каросеријата, туку тој се состои од стаклена купола и големо задно стакло што сето време останува на истото место – со исклучок на спектаклот со неговото поткревање, за куполата да се вовлече под задното стакло. Постапката се одвива релативно релаксирано, за покривот да се отвори се потребни 19 секунди.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во поглед на погонската варијанта, Porsche 911 Targa уште од генерацијата 997 е достапна само во изведба 4 или 4S. Изведба со заден погон не се планира. Затоа, пак, може да се нарача изведба со мануелен менувач, место осумстепениот менувач со двојна спојка – разлика во цената нема, иако мануелниот менувач во основа е поевтин, но правилото на големосериското производство налага дека тоа што не е стандард (во случајов PDK), или се доплаќа, или се нуди без разлика во цената.

Porsche 911 Targa одбележува премиера за системот за асистенција Innodrive, во комбинација со приспособлив темпомат. Возачот може однапред да ја програмира висината на возилото од подлогата, којашто се менува соодветно секогаш кога возилото ќе се приближи до програмираната локација, на пример влез и излез на подземна гаража.

https://www.instagram.com/p/CAXYRbEgoye/

Исто како купето и кабриолетот, 911 Targa вози со трилитарски турбо со 385 КС и 450 Nm во „4“, односно со 450 КС и 530 нутнметри во 4S. Електронската регулација на амортизацијата е стандард, но комбинацијата со електронски регулирана блокада на диференцијалот на задната оска ја има само кај посилниот 4S. Нејзиниот спринт од место до темпо сто трае 3,6 секунди, крајната брзина изнесува 304 километри на час.

Посилната изведба на 911 Targa чини едно VW Polo повеќе од основната

Targa 4 користи комбинација од бандажи од 19 инчи напред и 20 инчи назад, Targa 4S има по уште еден инч на секоја оска. Опција се керамичко-композитните сопирачки, кои се дораснати за екстремни напрегања на тркачка патека. Испораките почнуваат во автуст. Цената за 911 Targa 4 во Германија изнесува 128.486 евра, за посилната изведба 4S треба да се доплати уште 15.470 евра.

https://www.instagram.com/p/CAVcskvIjDz/

https://www.instagram.com/p/CAThSGyIZLr/

Porsche вдоми 650.000 пчели во Цуфенхаузен

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kumho отвори голем магацин во Хамбург, повеќе присуство на пазарот

Kumho отвори голем магацин во Хамбург, повеќе присуство на пазарот

Улици во Берлин преку недела стануваат детски игралишта

Улици во Берлин преку недела стануваат детски игралишта