Porsche се залага за заштита на животната средина и на разновидноста на видовите во своето седиште во Цуфенхаузен. На овоштарник во сопственост на компанијата се поставени 13 пчелни семејства со по 50.000 пчели. Експертите предупредуваат дека пчелите во Германија се во изумирање, повеќе од половината од 560 локални видови пчели се загрозени.
Овоштарник во сопственост на компанијата им нуди изобилство од цветови на медните плечи, но и на дивите пчели, бумбарите и други инсекти. Најразлични овошки, џбунови и цветови им обезбедуваат добра прехрана на пчелите. Едно пчелно семејство во просек дава по 20 килограми мед на годишно ниво. Првото собирање на медот од „порше-пчелите“ се очекува за неколку недели.
Во Цуфенхаузен годишно ќе се собираат околу 1.000 теглички мед. Медот летово ќе се продава во партнерските продавници, како и во кафетеријата во музејот на спортската марка.
Ова е веќе втор проект, во којшто Porsche се покажува како одгледувач на пчели. Во кругот на фабриката во Лајпцих уште од 2017 година живеат околу три милиони медни пчели, во природна средина на површина од 132 хектари.