за

Kia Seltos во Топ 10 коли за американски дипломци

Kia Seltos
Kia Seltos

Формулата од Sportage се покажува делотворна и кај помалиот Seltos. Практичноста и достапната цена беа основа за американскиот магазин Auto Trader да го избере моделот меѓу 10-те најдобри автомобили за дипломци. Местото на Seltos на европскиот пазар му припаѓа на познатиот Stonic.

Директорот на Kia за американскиот пазар, Мајкл Кол, цени дека дипломците годинава зачекоруваат во реалниот свет во посебно тешки услови, поради пандемијата, но цени и дека Seltos е вистинскиот автомобил што ќе ги придружува во мисијата: „Иако влегуваат во реалниот свет во време на тешки предизвици, дипломците имаат причина да го прослават своето достигнување и заслужуваат возило што е создадено да им помогне во справувањето со следната животна авантура, без разлика дали за пат до новото работно место или за излети преку викенд.“

Американскиот магазин Auto Trader ги избра победниците за годинава, раководејќи се според практичноста и достапноста на автомобилот за дипломците, додека тие се подготвуваат за следната фаза во својот живот. Експертите ги оценуваа и изгледот, технологијата, штедливоста.

Kia Seltos е единствениот нов автомобил во Топ 10, во конкуренција на користени Ford Mustang, Chevrolet Volt или Jeep Wrangler

Уредникот на магазинот, Брајан Муди, го образложува изборот: „Исклучително долгата гаранција на Kia, ниската цена и богатата опрема, прават Seltos да биде малечок СУВ што ги издржува сите бури. Ни се допаѓа тоа што погонот на сите тркала е стандард во речиси секое ниво и тоа што каросеријата е компактна, но кабината посредува чувство на голема просторност.“

Kia и Надал ги претставија 130-те возила за тенискиот турнир во Мелбурн
Kia и Надал ги претставија 130-те возила за тенискиот турнир во Мелбурн

Kia Seltos на пазарот во САД стартува од 21.990 долари, односно околу 20.250 евра. Местото на Seltos во понудата од модели на Kia за европскиот пазар го пополнува Stonic, кој во ценовникот на Киа Моторс Македонија почнува од 13.490 евра, за изведбата со 1,2-литарец со 84 КС, односно од 15.100 евра, за верзијата со 1,0-литарски турбо со 120 КС.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota highlander

Toyota има нешто подобро и од RAV, седумсед Highlander

Kumho отвори голем магацин во Хамбург, повеќе присуство на пазарот

Kumho отвори голем магацин во Хамбург, повеќе присуство на пазарот