Yaris Cross следен во серијата топ-погодоци на Toyota

toyota yaris cross new
toyota yaris cross new

Кросоверот врз основа на новиот Yaris е моќен продолжеток на серијата C-HR, Corolla, RAV4, Camry, кои го постигнаа точно тоа што Јапонците го осмислија со платформата TNGA – повеќе уживање во возењето. Yaris Cross ќе се произведува во Франција во најмалку 150.000 примероци годишно.

Новата генерација на Toyota Yaris се очекува да стартува со продажба на европскиот пазар кон крајот на летото, а марката веќе го додава следното поглавје, Yaris Cross. Станува збор за модел што погодува во најраздвижениот сегмент на пазарот, меѓу кросоверите со компактни димензии и цена меѓу градски автомобил и компакт.

Малечкиот брат на C-HR, моделот кој направи сцената буквално да ја гледа марката Toyota поинаку од досега, развиен е во Европа и конструиран е според тоа што тукашните купувачи го бараат од кросовер или СУВ-модел во оваа класа. Производството на Yaris Cross исто така ќе се одвива во Европа, во француската фабрика, почнувајќи од 2021 година.

Традиционалната предност на Toyota останува хибридниот погон, моментно во четвртата генерација

Основата потекнува од платформата GA-B, развиена според актуелната моделска философија TNGA на Toyota. Развојот на Yaris Cross е раководен според целта да се понуди модел со компактни димензии, а просторна кабина. Околу умешноста на марката да конструира СУВ и кросовери нема сомнеж – од Toyota практично почна концептот на лесни и достапни СУВ-модели пред 25 години. Покрај хибридниот погон, уште една голема предност на Yaris Cross е достапноста на верзија со погон на сите тркала AWD-i.

https://photos.app.goo.gl/CHhd596hjbtC6E8V9

Вградувањето хибриден погон во претходната генерација на Yaris во 2012 година донесе голем успех, со повеќе од половина милион продадени примероци во Европа. Yaris и Yaris Cross први го добиваат новиот хибриден погон, со 1,5-литарски бензинец, кој е изведен од моторите со зафатнина од 2,0 и 2,5 литри во Corolla, C-HR, RAV4 и Camry.

Моторот е со три цилиндри и користи еткинсонов принцип на работа. Атмосферецот се одликува со висока термичка ефикасност од 40 проценти, што е повеќе и од споредлив дизел мотор. Понатаму, моторот се одликува со висок вртежен момент при ниски вртежи, и секако, ниска потрошувачка.

Системската моќност на новиот хибриден погон со 1,5-литарскиот мотор изнесува 116 КС. Емисијата на СО2 на изведбата со преден погон изнесува 90 g/km, додека верзијата со погон на сите тркала е под 100 g/km (според NEDC)

Меѓуоскиното растојание од 2,56 метри е идентично со новиот Yaris, но должината е поголема за 24 сантиметри и изнесува 4,18 метри. Предниот превис кај Yaris Cross е подолг 6 сантиметри, задниот 18 сантиметри. Растојанието од подлогата е зголемено за 30 милиметри. Кросоверот е повисок за 9 сантиметри (1.560 mm) и воедно е поширок за 2 сантиметри (1.765 mm) од новиот Yaris. Во повисоките нивоа на опрема, задниот капак се отвора со електромотор. Висината на подната плоча во багажникот се приспособува.

https://photos.app.goo.gl/LkAAHxBRA8fPkyd2A

По пример од останатите нови генерации модели на Toyota, Yaris Cross исто така има „своја“ боја. Овојпат тоа е златна боја, на којашто е додадена зелена нијанса. Дизајнерите ја нарекуваат Brass Gold, месинг-златна.

Во фабриката во близина на францускиот град Валенсиен се планира годишна продукција од најмалку 150.000 примероци од Yaris Cross. За уделот на Yaris Cross во сегментот покрај Volkswagen T-Cross и Nissan Juke, Toyota очекува повеќе од 8 проценти.

https://photos.app.goo.gl/KoePjXC1WFVvfDbaA

Видео-презентација на новата Toyota Yaris Cross

Нема повеќе виц во овој Toyota Yaris

Новата Toyota Yaris е создадена да владее во градот

Претходна објаваНиту нафтената криза не го засени овој Mercedes пред 45 години
Следна објаваБумот во домашните испораки ги „напна“ велосипедите на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here