Смел потег на Mercedes, кога верзијата на S-Class со 6,9-литарски V8 и крајна брзина од 225 km/h ја претстави во 1975 година, додека уште се чувствуваа последиците од нафтената криза.
Mercedes ги обесхрабри конкурентите, кога пред 45 години го претстави новиот врвен модел 450 SEL 6.9 од генерацијата W 116. Лимузината со дизајн што остана безвремен, тогаш се вбројуваше меѓу најбрзите автомобили вооошто. Само неколку спортски автомобили беа побрзи. Денес, на сцената на олдтајмери треба да се издвои солидна цена за овој историски бисер. Штутгарт произведе само 7.380 примероци од топ-верзијата на крстосувачот.
Топ-модел: Генерацијата S 116 се појави во септември 1972 година и освои награди уште од старт. Во 1974 година, 450 SE стана Автомобил на годината. Врвот го постави 450 SEL 6.9. Не беше првпат Штутгарт да изработи ваква „екстремна“ изведба. Претходникот 300 SEL 6.3 со 250 КС исто така одушевуваше со моќноста и со крајната брзина.
https://photos.app.goo.gl/w4MCAdvFCA5grr9o7
Мотор со историја: Основата на големиот осумцилиндарец доаѓа од легендарниот Mercedes-Benz 600 (W 100). При несменет пречник, одот на цилиндрите беше зголемен од 103 на 107 милиметри. Моќноста од 286 КС се постигнува при 4.250/min, додека максималниот вртежен момент изнесува 550 Nm при 3.000/min. Оваа моќ овозможи изведување на долг преносен однос во диференцијалот (2,65).
Гасни амортизери: Додека 300 SEL 6.3 користеше пневматска амортизација, во 450 SEL 6.9 се вградуваше хидропневматика, заедно со автоматско дотерување на висината. Тоа овозможи сосем ново комфорно чувство во возењето, што одушевуваше особено при повисока брзина.
https://photos.app.goo.gl/Jpp6c4FD31TLkMuMA
Спортски перформанси: Вреднсотите на крајната брзина и забрзувањето се импресивни за лимузина од пред речиси половина век. Големиот Mercedes постигнува 225 km/h, додека спринтот до темпо сто трае само 7,4 секунди. Тежината на празно возило изнесува 1.935 килограми. Според DIN, потрошувачката изнесува 16 литри при 110 km/h. Гумите се релативно малечки за денешни стандарди: 215/70 VR 14.
Продукција и цена: Меѓу 1975 и 1980 година, во Зинделфинген се изрботија 7.380 примероци од 450 SEL 6.9. Во ценовникот од 28-ми јануари 1976 година за Германија стои цена од 69.930,00 DM за врвниот модел. За споредба, основниот модел 280 S, тогаш чини 28.848,90 DM. Уште поимпресивно, Mercedes-Benz 200 од серијата W 115, во 1976 година чини 18.381,60 DM.
https://photos.app.goo.gl/DPoVEvXdzo9AB8qH9
Опрема: Во серискиот обем спаѓаат клима-уред, затемнети стакла, централна брава, темпомат, електрика на прозорците, бришачи за светлата, велур и автоматски безбедносни ремени. Највпечатлива ставка во дополнителната опрема: Авто-телефон Becker AT 160 S (13.542 DM).
Традиција: Mercedes-Benz во 1972 година ја претстави новата S-Klasse со изведбите 280 S, 280 SE и 350 SE. Првпат се користеше поимот „S-Klasse“.
Ценетиот магазин „auto motor und sport“ во изданието бр. 21 од 1975 година, безрезервно оцени дека тоа е „Das beste Auto der Welt“, односно најдобриот автомобил во светот.

















