за

Renault Zoe прв избор на TopGear за електричен градски автомобил

Renault Zoe прв избор на TopGear за електричен градски автомобил
Renault Zoe прв избор на TopGear за електричен градски автомобил

Renault Zoe победи во категоријата на градски автомобили со електричен погон во изборот на TopGear. Тоа е веќе осмото врвно одликување за новата верзија на електричниот Zoe.

Французите претходно минаа одлично и со изборот за најдобар производител од страна на TopGear. При годишниот избор на најдобрите автомобили, Zoe пак триумфираше, како најдобар градски автомобил во општа конкуренција.

WhatCar?, уште еден ценет магазин од островската држава, исто така ги призна квалитетите на Renault Zoe. Заедничкото што сите експерти го искажаа за долгогодишниот европски бестселер меѓу електричните автомобили е лесното возење во сите услови, напредната технологија и добрите електрични „перформанси“, односно досегот и кусото полнење.

Во новата верзија, Renault Zoe минува до 415 километри со полна батерија од 52 kWh, според реалната норма WLTP. Уште еден квалитет е можноста да се користат брзи полначи до 50 kW. Во тој случај, енергија за 150 километри возење се полни за само половина час. Увозникот во Велика Британија бесплатно испорачува и вградува ѕиден полнач од 7 kW.

Крајната цена на Renault Zoe во В. Британија изнесува 26.195 фунти (29.830 евра), вклучувајќи ја државната субвенција во висина од 3.000 фунти (околу 3.400 евра). Со бројните повластици при секојдневното користење, францускиот електромобил ужива висока популарност во земјата, но и општо во Европа.

Швајцарските дилери на Renault со 100 електрични Zoe за хуманитарците

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продолжено задно стакло е хит кај Skoda Scala

Продолжено задно стакло е хит кај Skoda Scala

mercedes 450 SEL 6.9

Ниту нафтената криза не го засени овој Mercedes пред 45 години