за

Топ 20 Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари

Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари
Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари

Европските возачки и возачи во февруари купиле повеќе од 69.000 електрични автомобили, што е двојно повеќе од истиот месец лани. Тоа се воедно и последните „реални“ бројки, пред пазарот да почне да покажува нагло опаѓање веќе во март, поради кризата од пандемијата.

На европскиот пазар во вториот месец од годинава се продале 69.000 автомобили со приклучок за полнење, односно чисто електрични и плагин-хибридни автомобили. Порастот од 111% во споредба со истиот месец лани ќе беше мошне оптимистички, ако не и еуфоричен, доколку во март не следеше нагло запирање, буквално на целиот свет, поради пандемијата од корона. За јануари и февруари заедно, продажбата изнесува околу 144.000 возила на струја или за 117% повеќе од првите два месеци во 2019 година.

Вкупниот пазар на патнички автомобили беше во пад од 7% во февруари, но тоа воопшто не важи за плагин-хибридните возила (се нарекуваат и приклучни хибриди), кои имаа пораст од 153%, или за чисто електричните возила, чијшто пазар напредуваше за 88 проценти. Во соодносот меѓу двата видови погон, поголем дел отпаѓа на електричните возила (57%).

Учеството на чисто електричните возила на целиот автомобилски пазар во Европа, во февруари изнесувал 3,7 проценти. Доколку се земат предвид и приклучните хибриди, тогаш заедничкиот удел на „електричарите“ достигнува 6,7 проценти, што е веќе солидно достигнување.

Петте најпродавани модели во оваа категорија се чисто електрични возила

Повеќе е динамично во распоредот на силите меѓу одделните модели. Renault Zoe во февруари се продаде двојно повеќе отколку во истиот месец лани, со 6.440 примероци. Изненадување е рекордната продажба на eGolf, кој на второто место со 3.770 примероци. Tesla Model 3 имаше слаб старт во јануари, но затоа се врати на старите позиции во февруари и го заврши месецот со 3.589 примероци.

Меѓу најпродаваните пет модели се покажува дека чисто електричните возила го преземаат водството во оваа категорија на погон, од возилата со приклучен хибриден погон. Вториве беа во убедлива предност до пред извесно време, поради тоа што беа подостапни од „батериските“ возила. Во меѓувреме, производителите понудија подостапни модели, што доведе до соодветна промена на позициите.

Улица во Лондон претворена во Електрична Авенија

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Британија возат 50.000 примероци од хибридниот Mitsubishi Outlander

Во Британија возат 50.000 примероци од хибридниот Mitsubishi Outlander

Kia Ceed 1.4 mpi advance test

Kia Ceed победник меѓу компактите според читателите на Ауто Билд