за

Во Британија возат 50.000 примероци од хибридниот Mitsubishi Outlander

Во Британија возат 50.000 примероци од хибридниот Mitsubishi Outlander
Во Британија возат 50.000 примероци од хибридниот Mitsubishi Outlander

По точно шест години од почетокот на продажбата, изведбата на Mitsubishi Outlander со плагин-хибриден погон достигна 50.000 продадени примероци во Велика Британија.

Mitsubishi Outlander PHEV се погоди точно по вкусот на британските возачки и возачи. Откако стартуваше продажбата на 1-ви април 2014 година, овој СУВ-модел со плагин-хибриден односно приклучен хибриден погон надмина 50.000 продажби во островската држава.

Јапонците точно го погодија моментот и откако смело настапија на пазарот со електричното мини Mitsubishi i-MiEV, брзо потоа го пуштија СУВ-моделот во плагин-хибридната верзија. Конкуренцијата долги години отсуствуваше во овој сегмент, но и откако почнаа да пристигнуваат модели од останатите марки, Outlander пак го задржа водството.

Многу фактори беа решавачки за успехот на големиот модел на Mitsubishi. Секако дека и купувачите имаа доверба во марката. Но, најважното што придонесе за успехот беше решеноста на британските власти и институции да го поддржат електричниот бран во земјата и да овозможат Британија да биде меѓу водечките држави во напредувањето во електромобилноста.

Mitsubishi Outlander PHEV достигна 10.000 продажби за помалку од десет месеци од почетокот на продажбата во Велика Британија во април 2014 година, зголемувајќи ја десеткратно продажбата на модели со плагин-хибриден погон во земјата

СУВ-моделот е подеднакво успешен и на останатите пазари во Европа, тој всушност е најпродаван модел со плагин-хибриден погон во европски и во светски рамки. Вообичаено, Британците ги разјаснуваат работите преку вешто изведени анкети: Во последното истражување се покажа дека 90% од корисниците редовно го приклучуваат возилото на полнач, 68% од нив го практикуваат тоа секојдневно, а повеќе од половината од дневната километража ја минуваат со погон на струја. Секако, Outlander PHEV ја нуди таа „комоција“, што по празнењето на батеријата се вклучува бензинецот и возењето продолжува со погонската комбинација од 2,4-литарскиот бензинец и двата електромотори, по еден на секоја оска.

Актуелната изведба на Outlander со приклучен хибриден погон минува 45 километри само со енергијата во батеријата, мерено според реалната норма WLTP. Тоа е повеќе од доволно, имајќи предвид дека просечната дневна километража на возачите во Англија и Велс е под 15 километри.

Го прочитавте нашиот тест на Mitsubishi Space Star?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla cybertruck tovarna platforma

Австралија е уште еден голем пазар за пикапот на Tesla

Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари

Топ 20 Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари