Французите оштетиле 75% од брзинските камери, властите поставуваат нови

Франција брзински камери

Француските власти ќе постават 400 брзински камери од новата генерација, откако во минатите неколку месеци се случи масовно оштетување на постојните уреди.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер во минатиот месец објави дека три од секои четири брзински камери ширум земјата биле насилно оштетени и онеспособени. Бројот на напади врз опремата за снимање на брзите возила се зголеми нагло, откако брзината на споредните патишта во минатото лето беше смалена на 80 километри на час. Големо влијание одиграа и протестните акции на Жолтите Елеци.

Новите брзински камери во Франција се од домашно производство и поставени се на столбови високи 4 метри, со што се намалува достапноста при обид за нивно оштетување. Еден уред може да ја надгледува брзината на пат со пет ленти, а регистрира и други видови на сообраќајни прекршоци.

Претходна објаваFord Escort во размер 1:25 вреден колку суперавтомобил
Следна објаваШимојама е местото кадешто се создава совршена Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here