Ford Escort во размер 1:25 вреден колку суперавтомобил

ford escort mk2 od zlato i dijamanti

Смален модел од Ford Escort, изработен од злато, дијаманти и сребро, се очекува да достигне астрономски вредности на онлајн наддавање на 2-ри март. Само материјалот вреди над 90.000 евра.

Професионален златар и љубител на автомобилизмот од Велика Британија во изминативе 25 години работел на автомобил каков што сцената нема видено досега. Уникатниот Ford Escort на Расел Лорд е 25 пати помал од вистинскиот автомобил, но затоа е изработен од злато, сребро и дијаманти. Лорд повеќе од добро го знае секој детал на Escort. Тој поседува точно 55 вистински примероци од овој модел на Ford.

Каросеријата е изработена од сребро, сопирачките и спојлерите се од злато, бандажите од 18-каратно злато, предната маска е од бело злато. За предните светлата се користени 72 дијаманти, портокалов сафир послужи за трепкачите, додека задните светла се од рубин.

Малечкиот, но скапоцен модел е изработен по пример на рели-автомобилот на легендарниот Ари Ватанен од доцните 1970-ти години. Со материјал вреден преку 90.000 евра, овој мини Escort од втората генерација ќе биде понуден на наддавање на 2-ри мај, на вебстраницата www.themarket.co.uk.

Во 25-те години се изработени безброј детали. Вредниот јувелир скршил неколку стаклени вазни само за да најде стакло со вистинско заоблување, што ќе одговара на оригиналот … видеото ја раскажува целата приказна

 

Претходна објаваТест: Suzuki Vitara 1.0 Turbo GL Plus
Следна објаваФранцузите оштетиле 75% од брзинските камери, властите поставуваат нови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here