Во новиот центар за тестирање на Toyota во Шимојама е отворена првата од вкупно трите тест-патеки што се предвидени на површина од 650 хектари. Патеката е конструирана по пример на Нирбургринг. Останатите две патеки ќе бидат готови до 2023 година, вкупната инвестиција изнесува 2,4 милијарди евра
Toyota ја комплетираше изградбата на новиот центар за тестирање Шимојама, кој се наоѓа во планинското подрачје меѓу градовите Тојота и Оказаки. Срцето на центарот го сочинува кривулест пат, по когошто од 25-ти април официјално започнуваат најобемни тест возења на идните модели на јапонската марка. Огромниот комплекс е оддалечен на половина час од домот на корпорацијата – во градот што е од „истата марка“ со Corolla, Supra и сличните.
Тестирањето во најразлични услови во Шимојама ќе овозможи Toyota да развива „автомобили што ќе создаваат вистинско уживање во возењето“
Вкупната инвестиција на Toyota до целосното завршување со изградбата на сите подрачја што спаѓаат во тест-центарот до 2023 година, изнесува 300 милијарди јени (околу 2,4 милијарди евра). Моментно се докупуваат околните земјишта, за да се додадат нови подрачја за тестирање. Во Шимојама ќе работат околу 3.300 лица.
https://photos.app.goo.gl/vPyiCnYPTt9FfRRTA
Делницата во должина од 5,3 километри што беше отворена денес, конструирана е верно по пример на Северниот Јазол или оригинално Норшлајфе, како што е името на 20-километарскиот круг на Нирбургринг. Висинската разликата меѓу најниската и највисоката точка изнесува 75 метри. Повеќето од педесетмината експерти на Toyota кои од денес ја провлекуваат својата работна картичка во Шимојама се тест-возачи.
Покрај нашите тест-возења ширум светот и реплицирањето на екстремни услови на возење на нашата нова патека за тестирање, намерата ни е најдетално да го тестираме секој нов модел и да развиеме автомобили што ќе создаваат вистинско уживање во возењето
Акио Тојода, претседател на Toyota
Освен дел од Нирбургринг, комплексот опфаќа најразлични подлоги и видови на патишта, кои беа избрани да се „вдомат“ во шумите пред Тојота Сити, раководејќи се според искуствата стекнати преку фамозниот „Возачки проект на пет континенти“. Претседателот на Toyota, Акио Тојода, ја открива целосната визија: „Покрај нашите тест-возења ширум светот и реплицирањето на екстремни услови на возење на нашата нова патека за тестирање, намерата ни е најдетално да го тестираме секој нов модел и да развиеме автомобили што ќе создаваат вистинско уживање во возењето.“
Вкупната површина на целиот тест-комплекс изнесува 650,8 хектари или околу 6,5 километри квадратни; Вегетацијата останала недопрена
Околу 70 проценти од територијата на центарот се под шума и со зачувана вегетација. Toyota соработува со експерти, локални власти и заедници, со цел да се зачуваат шумските пространства и оризовите полиња кои се во долината.
Јапонците несебично му ги пренесуваат своите искуства на светот. Овојпат, во соопштението за тест-патеката, Toyota нé учи на поимот Сатојама. Под овој збор се подразбираат ридови и шуми што се наоѓаат блиску до заедници и цврсто се поврзани со живеењето на човекот. Тоа што токму Toyota го пушти првиот хибриден автомобил во сериско производство, сепак не е случајност.
https://photos.app.goo.gl/Mbe89R1cHBkPn97t9
https://photos.app.goo.gl/rmp7p1dJ9y2eztSKA
https://photos.app.goo.gl/wEREmi4EcupKT5qWA
https://photos.app.goo.gl/7o264Ta62RxazTZb8
https://photos.app.goo.gl/X78Pf6QD6uzj8mo27
https://photos.app.goo.gl/GAsugKYcemEeeXEx6
https://photos.app.goo.gl/u6w8h1gnjviqBecF9
















