за

Нирбургринг отвори матична служба за склучување брак

Нирбургринг склучување брак

Ако може Лас Вегас, зошто да не може Нирбургринг. Има и добра симболика, тоа е најдолгата тркачка патека во светот. „Шампионатите“ понатаму ќе се организираат во најразлични категории.

Двојките што се подготвени да склучат брак, отсега можат да го направат тоа и на најдолгата тркачка патека во светот, на Нирбургринг. Општината Аденау и управата на германската тркачка патека организираа матична служба, веднаш покрај стартно-целата рамнина. Возачите, инаку, Нирбургринг го познаваат и како „Зелениот пекол“, поради тоа што голем дел од патеката минува низ густа шума.

Директорите на патеката ценат дека можноста да се склучи брак на Нирбургринг е остварување на сонот за голем број фанови. Просторијата за судбоносното Да е сместена во бизнис-центарот, подалеку од вревата на тркачките возила, но затоа со директен поглед кон стартно-целната рамнина. Со оваа дискретна оддалеченост од жешкиот асфалт се искажува почит кон важната институција на склучување брак и се постигнува официјалност на самиот чин.

Нирбургринг, Ринг, прстен… тркачката патека всушност има „совршена“ симболика за судбоносното Да

Првите двојки ќе го кажат своето Да на легендарната тркачка патека веќе во јули. Како понатаму ќе се одвива свеченоста, газдите на патеката препуштаат на слободен избор, но не е тешко да се претпостави дека во повеќето случаи ќе биде вклучено возење по патеката.

https://www.instagram.com/p/BwE9mNOHd20/

За годинава се предвидуваат само два датуми за церемонии од ваков тип на Нирбургринг. Густиот распоред на одржување трки на патеката не дозволува повеќе љубови да се крунисаат, меѓутоа големиот интерес што ќе го привлече оваа можност, не само во Германија, туку и глобално, сигурно ќе ги наведе организаторите да пуштат срце и да изнајдат дополнителни датуми.

Нирбургринг доби нов асфалт, се чекаат нови рекорди

Mercedes-AMG GLC 63 извозе најбрз СУВ-круг на Нирбургринг

Ова такси чини 10 евра од километар – на Нирбургринг

Тркачки камионет во пакосно лизгање по Нирбургринг

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes A-Class Sedan Мак Аутостар

Лимузинскиот Mercedes A-Class пристигна во Мак Аутостар

Серија 3 BMW

Серијата 3 на BMW прв избор на пазарот на користени