Вечерва во палатата Турн унд Таксис во Франкфурт дебитираа автомобилските ѕвезди во последното продолжение на филмскиот серијал за најпознатиот таен агент во светот.
Jaguar и Land Rover вечерва одржаа премиерно претставување на возилата што се појавуваат во последната филмска авантура на Џејмс Бонд. Триото составено од Jaguar C-X75, Range Rover Sport SVR и иконата меѓу теренските автомобили Land Rover Defender, се појави за прв пат пред публиката во палатата Турн унд Таксис во Франкфурт.
Наоми Херис, во улога на Манипени, и Дејвид Батиста, во улога на Хинкс, беа почесни гости на гламурозниот настан на којшто беа прикажани каскадерските возила во последната авантура на серијалот за Џејмс Бонд. За забавата на гостите беше задолжен британскиот пејач и музичар Џон Њумен, кој изведе неколку топ-тен хитови од неговиот албум.
C-X75 ќе биде запомнет како дел од најспектакуларната автомобилска бркотница на филмското платно
Во Спектар, во 24-от филм за Џејмс Бонд, Jaguar C-X75 пролетува низ улиците во Рим под месечева светлина, во најспектакуларните сцени на автомобилска бркотница што воопшто се имаат појавено на филмското платно. Суперавтомобилот C-X75 е изработен како најнапреден автомобил на Jaguar од страна на специјалното одделение на Jaguar Land Rover и врвниот инженерски тим на Williams.
Специјално модифицирани примероци од Land Rover Defender и најбрзиот и најмоќен Land Rover во историјата, Range Rover Sport SVR, исто така се појавуваат во клучните акциски сцени снимени во Австрија. За совладување на тешко проодните и со снег завеани планински патишта низ алпската земја, Defender доби огромни теренски гуми со пречник од 37 инчи, заедно со зајакната заштита на каросеријата.
Актерот Дејвид Батиста, зборува за неговото возачко искуство во филмот: „Можноста да учествувам во незаборавната сцена на бркотница во филмот за Бонд и да го возам суперавтомобилот C-X75 беше како остварување на моите соништа. Тоа навистина е прекрасен ѕвер од автомобил што ќе влезе во филмската историја.“ Глобалното прикажување на Спектар ќе стартува во октомври.
















