Jaguar C-X75 во возниот парк за новиот филм за Џејмс Бонд

Дизајнот на идниот електричен кросовер ќе го преземе стилот од суперспортскиот C-X75 и ќе отстапува од стандардната линија на Jaguar

Ако се верува на шпекулациите, а во случајов подобро да е така, злосторникот Кристоф Валц во новиот филм за Џејмс Бонд ќе го вози спектакуларниот модел на Jaguar.

Неодамна објавивме дека Џејмс Бонд, алијас Даниел Крег, ќе го гони Кристоф Валц, алијас злосторникот, во суперуникатен и суперспецијален Aston Martin DB 10 изработен посебно за филмот. Но, сега кога дознаваме што би требало да вози Валц, повеќе не сме сигурно кој кого ќе гони.

Во поглед на ексклузивноста, обата автомобила се рамо до рамо. Од DB 10 ќе се изработат само десет примероци и сите ќе се возат, или поточно, уништат за потребите на филмот. Jaguar C-X75 по премиерата во 2010 година требаше лани да се произведе во 250 примероци, но очигледно дека тоа досега не успеа. Новиот злосторник во серијалот за најпознатиот таен агент во светот сепак ќе успее да вози примерок од ексклузивниот Jaguar.

C-X75 беше претставен на салонот во Париз. Тој забрзува до сто за помалку од 3 секунди, три секунди подоцна веќе вози со 160, а крајот е на 320 – сето тоа со хибриден систем што може да го движи возилото до 50 километри само со енергијата во батериите. По долго размислување, менаџерите на британската марка сепак решија да го произведуваат автомобилот со конвенционален место хибриден погон. Но, не го произведоа. Жално, но таков е животот на некои ексклузивни автомобили: Прототипите од C-X75 ќе се појават во достоинствена улога во филмот, со петлитарски мотор V8 и непроменет изглед на каросеријата.

Претходна објаваFlux: Модуларниот 3D печатар собра 1,3 милиони долари преку Kickstarter
Следна објаваГерманија пушта автобуси на струја во јавниот превоз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here